Фотографија на која заедно позираат 4 поранешни претседатели на САД и 4 први дами стана хит на интернет.
Средбата имаше тажен повод – погребот на Барбара Буш. Џорџ Буш е во центарот додека околу него се неговиот син Џорџ со сопругата Лаура, Бил и Хилари Клинтон, Барак и Мишел Обама и Меланија Трамп.

Сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, не присуствуваше на погребот за да не создава пречки на церемонијата со зголемено обезбедување.
Барбара Буш почина на 92-годишна возраст. Повеќе од 1.500 лица ѝ одадоа чест на погребалната церемонија.




