Почетна » Новости » Занимливости » 20 милиони кеси со ѓубре, 4.300 тони собрана пластика: Еве доказ дека еден човек може да го промени светот

20 милиони кеси со ѓубре, 4.300 тони собрана пластика: Еве доказ дека еден човек може да го промени светот

Да, секој од нас може да го промени светот, а доказ за тоа е адвокатот Афроз Шах.

Во октомври 2015 година, 34-годишниот Индиец започна акција за чистење на плажата Версова, најзагадената плажа во Мумбај. Во првите шест недели, тој чистел сам, а подоцна му се придружиле уште двајца волонтери. Бројот на волонтери постепено растел и до крајот на акцијата, тој достигнал 100.000 илјади, од кои 60.000 биле ученици.

По 108 недели чистење, од плажата биле собрани 20 милиони кеси со ѓубре, од кое 4.300 тони било пластика.

Видео

Фотографиите „пред и потоа“ го покажуваат неверојатниот резултат.

Версова Версова Версова

Но, чистата плажа не е единственото нешто со кое се гордее Афроз. Најубавата вест тој ја примил во март 2018 година, кога еден од волонтерите му кажал дека на плажата за првпат по повеќе од 20 години се вратиле морските желки.

„Дотрчав на плажата, седев и солзите ми се тркалаа по лицето. 102 желчиња излегуваа од гнездото. Ми рекоа дека Мумбај тоа го доживува првпат по 25-30 години. Тоа беше нешто... За нас тоа беше благослов од Мајка Природа и од океанот“ – вели тој во видеото.

Афроз, кој во 2016 година ја доби наградата „Шампиони на Земјата“ од ОН, вели дека луѓето треба да имаат свест и смисла за припадност за да се грижат за природата и околината.

„Имаше загуба на припадност. Може да имате закони, политики, регулации, но ако заедницата нема смисла за припадност, гледате што се случува“ – вели тој.

Афроз Шах Версова Версова Версова

Видео

Во моментов Шах спроведува акција за чистење на најголемата река во Мумбај, која е долга 18 километри.

Афроз Шах

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10985 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.