Почетна » Новости » Занимливости » 15-минутна спа пауза за освежување на лицето

15-минутна спа пауза за освежување на лицето

Вежби за зацврстување, затегнување и подмладување на лицето

НИВЕА експертите предлагаат седум вежби за убав врат, мазно лице и затегната област околу очите, како и видливи контури на усните. Експертите препорачуваат вежбите да се применуваат секојдневно.

Вежба 1: Убав врат и добро држење

Застанете исправено и сконцентрирајте се на положбата на телото. Вашата глава треба да биде во фина рамнотежа. Доброто држење на главата е најдобриот гарант за убав врат.

Вежба за лице

Вежба 2: Лебедов врат

Застанете исправено, подигнете ја долната вилица нагоре, користејќи ги мускулите на вратот. Држете ја во оваа позиција две до три секунди, а потоа вратете се во првобитната положба и опуштете се. Повторете ја оваа вежба десет пати.

Вежба за лице

Вежба 3: Затегнати образи и брада

Направете тупаница и поставете ја под брадата. Отворете ја долната вилица, туркајќи ја со неа тупаницата за да создадете отпор. Држете ја вилицата во таа положба шест до десет секунди, потоа вратете ја во првобитната позиција. Оваа вежба ги затегнува мускулите под брадата и мускулите на вилицата. Ако овие мускули се во добра форма, вашата брада и образи ќе бидат затегнати.

Вежба за лице

Вежба 4: Затегнати образи

Вдишите и исполнете ги образите со воздух. Нежно тапкајте ги образите со внатрешната страна на прстите, полека испуштајќи го воздухот.

Вежба за лице

Вежба 5: Зацврснете ја горната усна

Раширете ги усните и притиснете ги силно една од друга. Осетете го притисокот во мускулите на аголот од усните. По некое време вратете ги во првобитната положба.

Вежба за лице

Вежба 6: Затегната област околу очите

Поставете го палецот и показалецот со двете раце под веѓите и на образот под очите. Отворете ги ширум очите и обидете се да ги затворите трепкајќи. Секој пат ќе чувствувате напнатост во мускулите околу очите. На крајот на вежбите затворете ги очите и опуштете се.

Вежба за лице

Вежба 7: Затегнато чело

Поставете ги прстите со двете раце, хоризонтално преку вашето чело. Потоа подигнете ги веѓите и челото така што ќе почувствувате отпор кој го создаваат вашите прсти. Задржете ја таа положба шест до десет секунди, а потоа опуштете се. Би требало да почувствувате тензија меѓу мускулите на челото во текот на вежбата.

Нивеа маски за лице

Мултитаскингот повеќе или помалку стана задолжителен во денешниот брз начин на живеење. Едноставно немаме време за да поминеме неколку часа во козметички салон со цел да ѝ го посветиме потребното внимание на нашата кожа. Сепак, без разлика на нашето животно темпо, кожата има потреба од нега и одвреме-навреме сака да ѝ подариме нешто посебно. Нашата кожа е одраз на нашиот начин на живот и соодветната нега на кожата може да ги елиминира трагите од стрес и брзиот начин на живот. Новите НИВЕА маски за лице се совршен начин да му го овозможите на вашето лице вниманието по коешто копнее – вистинска мини спа пауза.

Нивеа маска за лице

НИВЕА маска за пилинг на лицето

Совршен комплементарен третман за мешовита кожа. По нанесувањето на претходно исчистеното лице, гел маската се остава потполно да се исуши, а потоа нежно се одвојува маската од лицето. Остатоците исплакнете ги со вода. За време на симнувањето на маската, нежно се отстрануваат изумрените клетки и нечистотија, оставајќи ја кожата длабински исчистена и матирана.

Нивеа маска за лице

НИВЕА Освежувачка маска за интензивна хидратација на лицето

Интензивно ја хидрира и освежува кожата на лицето. Формулацијата со хидра IQ, алое вера и витамин Е ѝ овозможува на кожата дополнителна енергија и природен сјај со трајни резултати. Алое вера ѝ помага на кожата да ја апсорбира влагата. По примената ќе почувствувате дека вашата кожа е интензивно хидрирана и полна со свежина.

Нивеа маска за лице

НИВЕА маска за лице со мед за регенерација на кожата

Богата маска за сува и осетлива кожа. Екстрактот од мед, макадамовото масло и Hydra IQ ја смируваат иритираната кожа, интензивно ја хидрираат и негуваат, а кожата е убава и мека на допир.

Нивеа маска за лице

НИВЕА pure effect маска за прочистување на лицето

Оваа маска за лице збогатена со екстракт од магнолија и бела глина помага во спречување на појава на митесери. На масната и мешовитата кожа ѝ е потребна посебна нега и заштита која не само што ќе го регулира сјајот, туку и ќе овозможи урамнотежена хидратација и долготраен мат изглед, поради што се препорачува сите кои имаат ваков тип на кожа да користат маска за чистење на лице.

Совети и трикови

Правилно нанесување за импресивен ефект

Без разлика на должината на вашата коса, ќе ви биде неопходна широка и мека трака за коса доколку сакате професионално да ја нанесете маската, како што тоа го прават козметичарките. На тој начин ќе ја чувате вашата коса далеку од лицето, па ќе можете да ја нанесете маската сè до коренот на косата. Пред да ја нанесете маската детално исчистете го лицето, така што би ги симнале трагите од шминката и нечистотијата. Ако го прескокнете овој чекор, нечистотиите заедно со маската ќе продрат длабоко во кожата и ќе предизвикаат воспалителен процес (акни и митесери).

Нанесување на маската

Најдобар начин е да ја нанесете маската со четка. Користете ја маската во количина на орев и распоредете ја рамномерно на лицето со четката од средина кон надвор. Не ја нанесувајте маската на регионот околу очите. Оставете ја маската да делува 10-15 минути (следете го упатството на позадината). Симнете ја маската со туфер, топла крпа или сунѓер.

Уживајте во спа паузата со вашата кожа!

Времето додека чекате маската да делува може да биде совршен момент за опуштање. Оставете сè што сте работеле и овозможете си 15 минути уживање за сите сетила. Искористете го процесот на нанесување на маската за да постигнете внатрешен мир. Замислете си, додека ја нанесувате, дека маската е еден вид на заштитна бариера која ве штити од стрес. Кога ќе ја нанесете маската затворете ги очите и размислувајте на работите кои ве опуштаат. Кога ја отстранувате маската, замислете си дека со неа исчезнуваат сите проблеми и грижи. Одличен начин да ја задоволите вашата кожа и душа!

Оптимално време за делување на маската

Минималното време за да можете да го почувствувате ефектот на маската е 10 минути, додека интензивниот хранлив ефект може да се постигне ако ја оставите маската 15-ина минути.

За дехидрирана кожа:

Нанесете ја маската неколкупати после чистење или туширање кога вишокот ќе испари, бидејќи во спротивно процесот на испарување го нарушува позитивниот ефект од припремата.

За иритирана или оштетена кожа под стрес:

Подгответе ја кожата со нежно млеко за чистење. Отстранете го млекото (а подоцна и маската) со туфер, бидејќи на тој начин нема да го уништите смирувачкиот ефект на маската со механички стрес.

За peel-off маска:

Не ја нанесувајте маската на веѓите или близу до косата, бидејќи во тој случај отстранувањето може да биде болно.

За екстра-интензивен третман:

Топлината го засилува позитивниот ефект на маската. На пример, можете да ја натопите крпата во врела вода, да ја исцедите и да ја користите како врела облога. Нанесете ја маската, седнете во удобна фотелја, ставете ја топлата крпа на лицето и опуштете се!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9526 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.