Почетна » Новости » Занимливости » 114-годишна Американка е најстарата личност на светот

114-годишна Американка е најстарата личност на светот

Бес Купер вчера официјално беше прогласена за највозрасната жива личност на светот. 114-годишната пра-прабаба доби признание од претставник на Гинисовата книга на рекордите на мала церемонија во дом за нега на стари лица.

Бес КуперБес Купер добива бакнеж на челото од својот син Пол

Бес е родена во 1896 година во Тенеси и има преживеано две Светски војни и Големата депресија. Во 1924г. таа се омажила за Лутер Купер кој починал 40 години подоцна.

Бес моментално живее во американската држава Џорџија и има 4 деца, 11 внуци, 15 правнуци, а еден од правнуците има свое дете.

До 105-годишна возраст г-ѓа Купер живеела сама, но тогаш здравствената состојба ѝ се влошила, а во последните неколку години и се влошиле и видот и слухот.

Кога во 2009г. го прославила својот 113 роденден, Бес била запрашана која е нејзината тајна, а таа одговорила: „Си ја гледам сопствената работа и не јадам брза храна.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11602 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.