Почетна » Новости » Животни стории » Јулија Цигарида: „Не те познавам, но ја познавам твојата борба!“

Јулија Цигарида: „Не те познавам, но ја познавам твојата борба!“

Јулија Цигарида

Многумина тежнеат да доживеат момент кој ќе претставува пресвртна точка во нивниот живот.

Вистината е дека во нашата фантазија тие моменти ги замислуваме идилично, лирично, најубаво, а често пати во реалноста токму „лошите случувања“ те инспирираат да се промениш, да пораснеш, да се развиеш во нова личност која повеќе ќе се цени себе и така ќе стане и подобра за најблиските и околината.

Таа тaканаречена „точка на попуштање“ може да нѐ однесе на координати што не сме ги маркирале на нашата мапа, на пат за кој никогаш не сме ни претпоставувале дека ќе треба исправено да го изодиме.

Тргнувајќи од оваа точка, го започнуваме нашето патување – дестинацијата наречена живот! Животот е за промените! Некогаш се убави, некогаш се помалку убави, но најчесто е комбинација од двете.

Во доверба, ви ја отворам мојата душа, ви ги пишувам сите мисли кои ми минуваа низ глава пред шест години, кога ми беше дијагностициран рак на дојка. Бев на 29-годишна возраст, без кристална проекција за иднината, туку имав само некои нацрти како сакам да изгледа.

Во прво време беше гнев, нагаѓање на причините зошто сум баш јас таа „одбраната“, страв за стравот на најблиските и како тоа нив им делува, а многу малку вртење кон себе и барање на силата внатрешно и длабоко во изворот на сопственото битие – во духот кој нѐ држи свесни и борбени.

Бидејќи ви пишувам за пресвртната точка, а таа веќе ви ја кажав, ќе се задржам на процесот кој следуваше потоа, а трае до ден-денес во вид на ритуал.

Денес е првиот ден од сите поубави кои ќе следат во иднина. Денес си ветувам дека кон себе ќе се однесувам со искрена љубов и ќе се сакам вистински, а тоа ќе го докажам во постапките, во мислите и во изборите кои свесно ги одлучувам.

Денес го сакам животот и животот ме сака мене!

We may not have it all together, but together we have it all. True love impacts your health.

И баш бидејќи ме сака, ми се покажа во вистинско светло, пред мене беше слободен и отворен да ја изрази неговата темна страна, за да ја ценам светлата и убавата!

И да, тогаш сфаќаш колку си храбра бидејќи тоа е единствената опција која ја имаш, посилна си во вербата, попаметна во мислата и сто пати поубава од она што претходно си се доживувала!

Не те познавам, но ја познавам твојата борба!

Има надеж, има цел, достижна е!

Бори се за секој нов ден, бори се за себе, бори се за најблиските и најдрагите, бори се за животот! И како што рекол Оскар Вајлд - „Да се сакаш себе е почеток на една убава доживотна романса! А, ако има романса, тогаш ниедна ‘болест’ не може да ѝ пркоси!“

Искрено,
Јулија Цигарида

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.