Почетна » Новости » Животни стории » „Човековото тело е чудо“: Македонска докторка која се бори со рак на дојка ја подигнува свеста за самопрегледувањето

„Човековото тело е чудо“: Македонска докторка која се бори со рак на дојка ја подигнува свеста за самопрегледувањето

Октомври е месец за подигање на свеста за ракот на дојка. Марија Бунда Калпак, која сè уште се бори со оваа болест, објави порака до сите жени за да апелира тие да си прават самопрегледи еднаш месечно.

Македонската докторка во својата порака пишува:

До сите девојки , жени - еднаш месечно правете си само преглед. Човековото тело е чудо, мислам дека не сме ни свесни колку сме силни и моќни. Ако нешто ова ме научи е дека треба да ги слушаме знаците на телото, пред да биде прекасно. Да застанеме во тишина и вистина да слушнеме. Животот е многу брз и неосетно секојдневието не завлекува..исцрпува изморува. Мора да имаме механизам на справување, на враќање на мирот и среќата. Мислам дека почесто треба да сме сами со себе, во природа, гледајќи го зајдисонцето. Да си дадеме време за нас ..вежбајте, правете тоа што ја храни душата, бидете со тие што ги сакате.

Мене веќе не ме воодушевува ништо материјално, ништо што може да се купи со пари. Потребно е да, но не и доволно. Среќата и љубовта од најблиските е тоа што ме воодушевува, откривањето нови места и сонцето, цвеќињата, зеленилото, синото небо и звездите навечер. Мислам дека има многу работи за кои треба да сме благодарни, нешта што ни се случиле и што допрва ќе ни се случат. Но најбитно од се e да сме благодарни што сме тука, сега и овде и што ја имаме привилегијата да го живееме овој прекрасен живот.

Марија е мајка на две дечиња, а тешката дијагноза ја добила на 28-годишна возраст. Својата приказна таа ја сподели минатата година, а во август оваа година, објави видео во кое откри дека започнува нова хемотерапија поради која повторно ја изгуби косата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.