Почетна » Новости » Животни стории » Цел град го прослави Божиќ два месеци порано за да израдува болно момче кое нема да ја дочека зимата

Цел град го прослави Божиќ два месеци порано за да израдува болно момче кое нема да ја дочека зимата

Стотици жители се обединија за да го прослават Божиќ два месеци порано за болно момче да може да ужива во празничната атмосфера. За жал, ова ќе биде последен Божиќ за храбриот Кит Буркет, кој со години се бори со рак.

Ден на Кит Буркет

Блиските на Кит одлучиле предвреме да го прослават Божиќ откако докторите им соопштиле дека не се сигурни дали тој ќе го дочека крајот на годината. Неговата мајка, Тејлор Вударт, изјавила: „Тој го обожава Божиќ. Неговиот живот е обземен од ракот и лекови, а сакав мојот син да ужива во уште еден последен Божиќ.“

Семејството ја накитило куќата уште во септември, а набрзо и нивните соседи го направиле истото. Откако стотици жители се вклучиле во славењето, 21 октомври во Стоу, Охајо, официјално бил прогласен за Ден на Кит Буркет. На овој ден, пожарникарите со нивното возило го однеле 12-годишното момче до училиштето каде го пречекале луѓе облечени во празнична облека. Не отсуствувал ниту Дедо Мраз, а градоначалникот му доделил на Кит медал за храброст.

Ден на Кит Буркет Ден на Кит Буркет Ден на Кит Буркет

Радосното момче изјавило: „Беше неверојатно. Пожарникарското возило ми беше омилениот дел, затоа што никогаш не сум се возел во такво.“

Ден на Кит Буркет

Мајката со задоволство рекла: „Кит се смееше од уво до уво. Долго време го немам видено да се смее така.“

Ден на Кит Буркет Ден на Кит Буркет Ден на Кит Буркет Ден на Кит Буркет Ден на Кит Буркет

Родителите на Кит забележале дека нешто сериозно се случува на Бадник во 2010 година, кога тој бил блед и не сакал да ги отвора подароците. Прегледите покажале дека неговото срце е притиснато од насобрана течност и веднаш му била направена операција. Две години подоцна, на Кит му била направена операција за отстранување на канцерогено ткиво.

И покрај операциите, хемотерапиите и третманите со радијација, ракот се вратил и пред неколку месеци, докторите утврдиле дека бил проширен на повеќе делови од неговото тело.

Ден на Кит Буркет

„Тешко е да го гледаш твојот син како умира и да знаеш дека никогаш повеќе нема да славиш Божиќ со него. Ниту една мајка не треба да го надживее своето дете. Тој е многу добро момче. Не е фер. Мило ми е што му подаривме вистински Божиќ“ - рекла мајката.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11074 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.