Почетна » Новости » Животни стории » Храбра принцеза: Бебенце родено со тежина од 600 грама си замина дома во Охрид по 129 дена поминати на Клиника

Храбра принцеза: Бебенце родено со тежина од 600 грама си замина дома во Охрид по 129 дена поминати на Клиника

Анабела Блажевска се избори за својот живот. Малата хероина, која се роди со тежина од само 600 грама, конечно си замина дома по 129 дена поминати на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Анабела се родила во 26-тата гестациска недела и успешно ги поминала сите препреки. Сега, таа е во добра и стабилна здравствена состојба и тежи 2.080 грама.

„Нејзината силна борба беше мотивација за целиот персонал да верува дека чудата постојат и овој голем борец им одржа лекција на сите возрасни што значи вистинска борба за живот, без да потклекнеш.“

„Расти Анабела во многу љубов, здравје и среќа. Биди им гордост на твоите родители“ – напишаа од ГАК во описот на објавените фотографии.

Анабела Блажевска Анабела Блажевска Анабела Блажевска

„Принцезата од 600 грама си отиде дома со 2080 грама. Нашата Анабела Блажеска денеска по 129 дена си замина за Охрид во прегратките на мама, тато и на дада. Родена е во 26 гестациска недела со тежина од само 600 грама.“

„Заедно со докторите и со медицинските сестри успешно ги помина сите препреки кои пред неа ги стави животот и дома си замина со тежина од 2080 грама“ – пишува на објавата.

Анабела Блажевска Анабела Блажевска
Анабела Блажевска Анабела Блажевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11466 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.