Почетна » Новости » Животни стории » Трагична смрт која го згрози светот: Девојка во Бангладеш запалена зашто го пријавила директорот на училиштето за сексуално малтретирање

Трагична смрт која го згрози светот: Девојка во Бангладеш запалена зашто го пријавила директорот на училиштето за сексуално малтретирање

Ужасната смрт на млада студентка, која беше запалена затоа што пријавила во полиција сексуално малтретирање, поттикна многу протести во Бангладеш и револт низ целиот свет.

Случајот на Нусрат

Нусрат Јахан Рафи го пријавила за сексуално малтретирање директорот на исламското школо во кое учела. 19-годишната девојка изјавила дека директорот ја повикал во неговата канцеларија и повеќепати ја допирал непристојно. Истото се случувало и во други наврати, но кога сакала да го сподели искуството со другите учители, ѝ било речено да молчи.

Полициските службеници наместо да ѝ пружат поддршка и да ја заштитат ѝ рекле да не го покрива лицето со рацете и дека тоа што ѝ се случило не е голема работа. Згора на тоа, ја снимале додека го раскажувала трауматскиот случај, а видеото заврши на социјалните мрежи.

Директорот бил уапсен, но наместо Нусрат да воздивне со олеснување, тогаш станала мета на закани. Неколку машки студенти со поддршка на политичари започнале протести за ослободување на директорот. Семејството на Нусрат добивало смртни закани и се плашело за нејзиниот живот.

На 6 април, Нусрат се упатила на училиште во придружба на својот брат Махмудул за да полага испити. Но, нему не му било дозволено да влезе внатре. „Ако не бев спречен, вакво нешто немаше да ѝ се случи на сестра ми“ - рекол тој.

Две соученички ја намамиле да се качи на покривот на училиштето со изговор дека нивен другар е физички нападнат. Кога се качила, била опкружена од најмалку 4 лица во бурки кои барале од неа да ја повлече пријавата, а откако таа одбила да подлегне на притисоците, била полеана со керозин и запалена.

Истрагата покажала дека планот на напаѓачите бил инцидентот да изгледа како самоубиство. Но, тоа пропаднало зашто Нусрат избегала. Еден од сочесниците ѝ ја држел главата надолу и керозинот не го облеал нејзиното лице, па таа успеала да даде изјава.

Додека била во амбулантното возило и се плашела дека нема да преживее, таа снимила кратка изјава на мобилниот телефон на нејзиниот брат. „Учителот ме допираше, ќе се борам против ова злодело до последниот здив“ - рекла таа.

Нусрат имала изгореници на 80% од телото и починала на 10 април, четири дена по нападот.

Илјадници лица присуствуваа на нејзиниот погреб, а случајот поттикна многу протести низ Бангладеш.

Случајот на Нусрат Случајот на Нусрат Случајот на Нусрат Случајот на Нусрат Случајот на Нусрат Случајот на Нусрат

Премиерката Хасина ветила дека убијците нема да останат неказнети: „Убијците на Нусрат нема да бидат поштедени. Лично верувам дека ќе мора да се соочат со казна за пример, за во иднина никој да не се осмели да стори такво монструозно дело.“

Досега, 15 лица се уапсени за вмешаност во случајот. Двајца студенти признале дека учествувале во убиството. Еден од нив споделил дека бил мотивиран да ја повреди Нусрат, бидејќи таа неколкупати го одбивала кога се обидувал да започне врска со неа.

Трагичната смрт на Нусрат роди многу дискусии во кои се потенцира нејзината храброст гласно да се спротивстави на малтретирањето, но и остро се осудува власта и општеството во Бангладеш.

Во земји како Бангладеш многу девојки кои се жртви на сексуален напад решаваат тивко да страдаат поради страв дека ќе бидат осудувани и понижувани, но и затоа што полицијата ретко се ангажира за пронаоѓање и казнување на напаѓачите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.