Почетна » Новости » Животни стории » Тори Спелинг од „Беверли Хилс“ апелира за опасноста од мувлата откако нејзините деца се разболеа

Тори Спелинг од „Беверли Хилс“ апелира за опасноста од мувлата откако нејзините деца се разболеа

Тори Спелинг ги предупредува родителите за опасноста од мувлата во домот.

49-годишната актерка, која кај нас се прослави со улогата на Дона во „Беверли Хилс“, напиша објава во која раскажа дека нејзините пет деца постојано се разболувале и постојано завршувале на Итна помош. Тори и нејзиниот сопруг Дин Мекдермот сфатиле зошто тоа се случува кога најмиле професионална компанија за проверка и откриле дека во нивниот дом има премногу мувла.

Нејзините деца имале симптоми како: екстремен умор, респираторни инфекции, осип на телото и температура.

Тори Спелинг Тори Спелинг Тори Спелинг

Ајде да зборуваме за МУВЛА...

Еве сме повторно во Итна помош. Со месеци сме во оваа непрекината спирала од болести. Болни, па подобри. Повторно болни. Порано си мислев... така се случува кога имаш мали деца во училиште. Постојано ти носат болести дома.

Но, кога ќе стигнеш до момент кога се повеќе дома болни отколку на училиште, мораш да откриеш што се случува. Децата се деца, но кога твоите најмали деца (10 и 6 години) се толку болни што спијат по цел ден и велат дека им се врти кога ќе станат, знаеш дека се случува нешто поголемо. Ја вклучуваш Инспекцијата за мувла! Им благодарам што дојдоа и открија екстремна мувла во нашиот дом. Сите делчиња конечно дојдоа на своето место.

Дали некој некогаш се соочил со инфекција од мувла? Постојано се разболуваш, едно по друго. Респираторни инфекции, екстремни симптоми на алергија и кутриот Фин имаше осип на кожата. Седиме тука во Итна помош за тестирање, Фин има стрептокока на грлото и температура 39,5. Колку подлабоко навлегувам во оваа тема онлајн, за жал, гледам колку чести се болестите поврзани со мувла.

Тори Спелинг

Мувлата може да има негативни последици врз здравјето на луѓето и таа треба да биде отстранета веднаш штом ќе се пронајде во домот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.