Почетна » Новости » Животни стории » Срце на љубовта: Моќна фотографија од бебе помеѓу 900 шприцови покажува низ што поминуваат жените со „ин витро“

Срце на љубовта: Моќна фотографија од бебе помеѓу 900 шприцови покажува низ што поминуваат жените со „ин витро“

Приказната на Ерика Каје внесува капка надеж во животите на сите парови кои се соочуваат со неплодност.

Упорната мајка на три деца детално го опишува долгото патување кое со сопругот го поминале за да стигнат до родителството.

Тие објавија моќна фотографија од третото дете кое лежи сред срце од шприцови кои биле искористени за време на ин витро постапките, за визуелно да покаже низ што сè поминуваат жените за време на вонтелесното оплодување.

Бебе во срце од шприцови

„Пред една деценија, кога започнав со моите третмани за оплодување, никогаш не слушав некој да зборува отворено за ин витро. Бев скршена и свесна за мојот неуспех да станам мајка.“

„Засрамена, тајно ги правев циклусите за ин витро, еден по еден, криејќи ги моите медицински третмани од семејството, пријателите и колегите. Научив како совршено да се кријам во бањите за тивко да си ги убодувам иглите во стомакот, на страните и во грбот, избегнувајќи сведоци и отстранувајќи ги доказите. Внимавав во јавност да не ги покажам физичките и емотивните лузни.“

„Додека се обидувавме да го прошириме нашето семејство, низ годините имав пет спонтани абортуси. Имаше моменти кога мислев дека нема да можам да ја издржам болката. Срцепарателно е да врвиш низ толку многу физичка и емотивна болка за да останеш бремена, а потоа да го изгубиш плодот и да се чувствуваш дека сета таа траума била за ништо.“

Бебе во срце од шприцови

„Поминував по неколку дена свиткана, со солзи кои паѓаа на моето лице, обидувајќи се да дишам. Се чувствував како срцето да ми е откорнато од градите, како да крварам. Но, за сите други моите рани беа невидливи. Кога модринките исчезнаа и шприцовите беа тргнати настрана, беше како ова искуство да се нема случено - открива Ерика.

Бебе во срце од шприцови

Ерика и нејзиниот сопруг успеале да добијат две деца со ин витро и посвојување. Поради желбата за уште поголемо семејство, тие одлучиле повторно да се обидат да зачнат бебенце.

„Без да се запрашам себеси зошто, престанав да ги фрлам искористените шприцови и игли и празните шишенца. Сметам дека потсвесно барав конкретен доказ за да си ја потврдам болката. Можеби барав начин како да ја квантифицирам физичката и емотивната тежина на неплодноста. Ми требаше да го запомнам процесот и да запомнам како се чувствував, дури и неубавите делови“ - признава таа.

По стотици примени лекарства и бројни негативни тестови за бременост, Ерика и нејзиниот сопруг избрале сурогат-мајка која ќе го носи нивното бебенце.

Ерика и сурогат-мајката продолжиле да ги собираат сите искористени шприцови потребни за да дојде нивното трето дете на овој свет.

Фотографијата од бебенцето опкружено со срцето од шприцови покажува низ што сè минуваат жените со ин витро.

„Визуелизирањето на целото наше искуство во купот со шприцови ми помогна да ја ценам не само нашата среќа, туку и нашата цврстина“ – дополнила Ерика.

Таа сега сака да зборува што погласно за борбата со неплодноста, за да им покаже на сите заљубени двојки низ светот дека надежта последна умира.

Бебе во срце од шприцови Бебе во срце од шприцови

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11205 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.