Почетна » Новости » Животни стории » „Слатко девојче, ништо не ги оправдува модринките“: Жена со фотографии и текст се бори против насилството врз жените

„Слатко девојче, ништо не ги оправдува модринките“: Жена со фотографии и текст се бори против насилството врз жените

Жена, која била жртва на насилство од страна на партнерот, сподели фотографии од модринките и текст во кој ги охрабрува сите кои се во слична ситуација веднаш да ја прекинат врската.

Кристилин Кристилин

Мое слатко девојченце, знам.

Знам зошто остана. Знам дека си мислиш дека тој ќе престане. Знам дека мислиш дека можеш да го сакаш толку многу што тој нема повеќе да сака да те повредува. Знам дека веруваш во секое „Извини“ и во секое „Те сакам“. Знам дека веруваш дека нештата ќе се вратат какви што беа на почетокот. Знам дека го молиш да не биде толку гневен. Знам дека секојпат се надеваш дека нема да се случи повторно, бидејќи не сакаш да поверуваш дека воопшто се случило. Знам дека со целото твое срце посакуваш сè да беше поинаку.

Знам.

Но, знам дека нема да биде поинаку. Знам дека не прекинува. Знам дека не се подобрува. Дека не се враќа во нормала и дека не можеш да направиш да те сака доволно за да не сака да те повредува повеќе. Бидејќи ОВА Е неговото нормално.

Со насмевка ти раскажуваше за напнатите врски кои ги имал. Шеговито ти велеше дека „треба да се бориш посилно и да возвраќаш на ударот“, но сето тоа само му го зголемува гневот и му го распалува огнот. Ќе ти го посочува секое едно нешто кое си го направила за да се одбраниш себеси и потоа ќе манипулира со твојот ум за да поверуваш дека било твоја кривица.

Секоја кавга ќе биде по твоја вина. Неговиот гнев, неговиот бес и неговите раце ќе се истурат врз тебе. Ќе ти ги изврти мислите за некако да поверуваш дека ти си го предизвикала тоа, дека си го заслужила, за да се потрудиш да постапиш подобро следниот пат. Знам дека ќе те опсипува со подароци и со убави зборови, бидејќи е добар маж и знам дека во твоето срце веруваш дека тој те сака и дека нема да биде толку лошо следниот пат.

Кристилин Кристилин Кристилин

Еден ден, слатко девојче, нема да има следен пат и апсолутно НИШТО што си направила не ги оправдува физичките повреди од мажот кој би требало да те сака и да се грижи за тебе. Еден ден, ќе те клоцне толку силно што ќе ти ги смачка градите, физички и емоционално. Еден ден, ќе те зароби под тушот, ќе ја откорне шипката за завесата и ќе ја скрши од ѕидот додека ти се дере, а ти ќе се стуткаш на подот и ќе го молиш да не те удира. Еден ден, ќе те турне на подот со целата негова сила и ќе ти го смачка лицето на тепихот, а ти ќе сфатиш дека не можеш да се одбраниш зашто тој е многу посилен од тебе, па возвраќањето на ударот само ќе ја влоши ситуацијата. Еден ден, апсолутно ќе биде предоцна.

Кристилин

Знам дека знаеш дека мора да најдеш излез. Знам дека се изолираше од пријателите и семејството зашто тие не можеа да разберат зошто продолжуваш да бидеш со него. Знам дека започна да веруваш во отровот кој тој ти го стави во умот. Знам дека се чувствуваш безвредно и знам дека со целото свое срце посакуваш нештата да бидат нормални. Ох, слатко мое девојче, знам.

Но, знам и дека го можеш ти тоа. Знам дека можеш да го слушнеш гласот во твојата глава кој ти кажува дека ова не е правилно. Знам дена во твоето срце знаеш дека ова не е љубов и дека можеш да најдеш излез. Престани да се обидуваш да ги средиш работите, престани да се обидуваш да планираш и едноставно бегај. Земи што можеш, фрли го во багажникот и бегај оттаму. Бегај и не врти се назад. Бидејќи знам дека ништо, апсолутно НИШТО, што си направила не го оправдува насилството што го криеш во себе. Ништо не ги оправдува модринките. Ништо не го оправдува тепањето.

Знам дека е тешко, знам дека е страшно, но знам и дека си воин и знам дека го можеш ти тоа. Знам дека можеш да се спасиш себеси и знам дека парчињата од твојот живот можат повторно да бидат споени за да изградиш неверојатна иднина, каква што никогаш не си можела да замислиш. Знам дека можеш да го преживееш ова и знам дека можеш да го прекинеш. Знам дека има луѓе кои те молат да се вратиш дома. Знам дека има многу луѓе кои те сакаат и кои би убиле за да те заштитат. Трчај кај нив. Трчај кај нив со твојата скршена ништожност и дозволи им да те исполнат. Можеш да го направиш тоа љубов, знам дека можеш.

Знам дека можеш, мое скапоцено девојче, бидејќи и јас сум ти.

Кристилин А.

Кристилин

Ве молам верувајте дека ова е најтешкото нешто кое некогаш сум го споделила. Ве уверувам дека не е за да привлечам внимание. Подалеку сум од него повеќе од илјада километри и сум на сигурно. Жива сум. Не знам зошто морав да го претрпам ова, но знам дека морам да зборувам, бидејќи мојот водич за преживување може да спаси некого. Ние, како жени, мораме да им помагаме на сите околу нас колку што можеме. Ве молам ако сте во ваква ситуација, знајте дека не е по ваша вина, дека НЕ Е ОК, дека луѓето ќе ве сакаат безусловно, дека ќе ви помогнат да излезете и дека нема да ве осудуваат. НЕ СТЕ САМИ.

Доколку имате потреба од помош или поддршка или доколку сте сведоци на семејно насилство, не се двоумете да се обратите до: најблискиот Центар за социјална работа или полициска станица на 192 или СОС линиите за жртви на семејно насилство на броевите 02/15-315, 02/15-700, 070/141-700, 075/141-700, 077/141-700.

Доколку имате потреба од правен совет и поддршка при пријавувањето на семејното насилство, искористете ја Платформата за правна помош за заштита од семејно насилство.

Семејното насилство е кривично дело. Секој има право да го живее сопствениот живот безбедно и во согласност со своите потреби.

Кристилин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11015 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.