Почетна » Новости » Животни стории » „Сите деца заслужуваат дом“: Мајка има посвоено 35 деца, од кои 26 со посебни потреби

„Сите деца заслужуваат дом“: Мајка има посвоено 35 деца, од кои 26 со посебни потреби

Доколку ја имате изгубено вербата во човештвото, оваа жена несомнено ќе ви ја врати.

73-годишната Кристи Џејмисон во текот на својот живот има посвоено 35 деца, од кои 26 со посебни потреби, бидејќи е убедена дека секое дете заслужува да има свој дом. Инспиративната госпоѓа со неверојатна посветеност се грижи за секое едно од децата.

Кристи Џејмисон Кристи Џејмисон

Кристи и нејзиниот сопруг Елва започнале да посвојуваат по раѓањето на нивните две биолошки деца, убедени дека „никој не може да биде сакан премногу“. Едно посвоено дете водело кон две, две кон пет, па 10... Во текот на три децении, тие посвоиле 35 деца, од кои 10 со Даунов синдром, неколку со срцеви проблеми, со аутизам, со спина бифида, церебрална парализа, фетален алкохолен синдром и сл. Дел од децата биле физички и сексуално малтретирани во минатото.

„Сите деца заслужуваат да имаат вистински дом и не сакам ни да помислам моите деца да бидат во институции. Во моето срце секогаш имаше место за уште едно. И знам дека таму некаде мора да постојат и други луѓе кои би го направиле истото“ – смета Кристи.

Кристи Џејмисон

„Ние не го баравме нашето семејство, најголемиот дел од нив дојдоа кај нас откако се дозна дека ние примаме деца кои никој друг не ги сака“ – додава таа.

Во моментов, само 11 од децата, кои не можат да се грижат сами за себе, живеат во домот на Кристи, чиј сопруг почина во 2009 година од рак.

Кристи Џејмисон Кристи Џејмисон Кристи Џејмисон

„Од 35-те деца кои ги имам посвоено, изгубив 12. Секојпат ми се кине срцето, но ако треба да го направам тоа повторно, би го направила. Тие ја заслужуваа целата среќа која ја добија во краткиот период додека беа тука. Донесоа многу радост во мојот живот. Чест ми е да им бидам мајка“ – вели неверојатната жена од Јута.

Сите деца со посебни потреби на Џејмисон се образовани и учеле до 21-годишна возраст. Таа вели дека сега зависи од неа дали тие ќе останат мотивирани за да учат. Инспиративната жена ги носи оние деца кои можат да вежбаат во фитнес сала трипати неделно, а тие се и волонтери во продавница за облека од втора рака.

„Во моментов тие плетат капи за да им ги подарат на бегалците од нашата заедница. Тие, повеќе од кој било друг, ја знаат важноста на давањето“ – објаснува Кристи.

Кристи Џејмисон

За да се осигури дека нејзиното семејство ќе ја добива грижата која ја заслужува, Кристи има создадено фонд од својата заштеда. „До крајот на нивните животи сакам моите деца да бидат сакани и згрижени. Тие го прават истото за мене целиот мој живот. Ми имаат дадено многу повеќе одошто јас некогаш би можела да им дадам нив“ – вели таа.

Една од биолошките ќерки на Џејмисон е наставничка на деца со посебни потреби, инспирирана од својата мајка.

„Обожавав да ги гледам моите родители како ги препознаваа потребите на секое дете што беше дел од нашето семејство. Ги обожавав сите мои браќа и сестри и уживав додека помагав во грижата за нив. Беше навистина тешко кога требаше да го напуштам домот и да одам на факултет“ – вели Кристин.

Кристи Џејмисон

„Знаењето кое го имам како учителка не дојде од факултетот, туку од животот и работата со моите браќа и сестри. Нашите родители всадија силна работна етика во секој од нас. Од нив ја научив важноста на учењето на секое дете да го достигне својот посебен потенцијал“ – додава таа.

Неодамна, семејството учествуваше во спот за преработката на „Better Place“ на младата пејачка Надја Кристин и 13-годишната пијанистка Сара Аркел.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11043 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.