Почетна » Новости » Животни стории » Запознајте го брачниот пар со 34 деца и со благородна мисија

Запознајте го брачниот пар со 34 деца и со благородна мисија

Ако мислите дека вашето секојдневие е бучно, бурно и преплавено со обврски и емоции, време е да го запознаете брачниот пар кој има 34 деца и планира во иднина да го зголеми нивниот број.

Џин и Пол Бригс го посвоиле своето прво дете пред речиси 30 години и оттогаш им го отвориле својот дом уште на 28 други деца без родители. Парот, кој има пет биолошки и 29 посвоени деца, нема намера да престане да го проширува своето семејство и во моментов се подготвува за патување во Гана, од каде ќе вдоми бебе без раце и нозе кое било напуштено од родителите.

Семејството Бригс

Најголем дел од децата во семејството Бригс се со посебни потреби или страдаат од тешки болести. Првата успешна мисија на Џин и Пол била во 1985 година, кога го посвоиле 2-годишниот Абрахам, слепо момче од мексиканско сиропиталиште, кое страдало од сериозно оштетување на мозокот поради физичко малтретирање.

Бугарија, Мексико, Русија, Украина и Гана се земјите од кои добродушниот пар досега има спасено сирачиња. Иако животните приказни на повеќето од децата се тажни, Бригс сè уште ронат солзи кога ќе се сетат на првата средба со нивниот 24-годишен син Џозеф. Тој бил роден со зајачка уста и напуштен од своето семејство.

Кога ги запознал своите идни родители, Џозеф бил 14-годишно момче кое постојано било малтретирано и исмејувано поради аномалијата на лицето. Сега тој е благодарен што му била дадена можност за нормален живот. „Тешко ми беше да поверувам дека некој ме сака и покрај мојот проблем. Не можам да им се оддолжам за она што го направија за мене... Ги сакам моите родители до месечината и назад“ – рекол Џозеф во интервју за Today.

Џин и Пол досега се имаат соочено со многубројни болести од рак, детска парализа и сколиоза до проблеми со бубрезите и аутизам. И покрај тешкотиите, медицинските трошоци и големите сметки за прехранување на семејството, тие не се жалат, бидејќи се свесни за благородната работа која ја извршуваат. „Уживам во тоа. Ова е мојата кариера. Им велам на моите деца, вие сте воздухот кој го дишам, па имам потреба од вас, ми треба тој кислород“ – изјавила 58-годишната мајка.

Семејството Бригс Семејството Бригс Семејството Бригс

Доколку се прашувате како големото семејство се издржува од финансиска гледна точка, одговорот е дека Пол има многу добро платена работа, а неговите работодавачи му даваат по 10.000 долари за секое посвоено дете. Со наследството од неговите родители тие успеале да ја прошират куќата за да има доволно простор за сите деца.

Семејството Бригс Семејството Бригс Семејството Бригс

„Децата се специјален дар, благослов. Ниту едно дете не треба да се чувствува несакано“ – рекла Џин за HeraldMail, додавајќи дека оној кој се двоуми дали да посвои повозрасно дете треба да го посети нејзиниот дом. „Тоа е толку голема радост. Искрено, никогаш не сум имала лош ден“ – рекла таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10601 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.