Почетна » Новости » Животни стории » „Силната болка за време на менструација НЕ Е нормална“: Кејла Ицинес ја зголемува свеста за ендометриозата

„Силната болка за време на менструација НЕ Е нормална“: Кејла Ицинес ја зголемува свеста за ендометриозата

Кејла Ицинес ја подигнува свеста за ендометриозата. Март е месец за зголемување на свеста кај луѓето за оваа состојба која се јавува кај 10% од жените во репродуктивна возраст.

Австралиската фитнес ѕвезда сподели фотографија направена по лапароскопијата преку која откри дека ја има оваа состојба. Сега таа сака да им помогне и на други жени кој секој месец страдаат од неподносливи болки, а кои не знаат што им е.

Поради нејзиниот голем број на следачи, Кејла стана амбасадор за организацијата „Endometriosis Australia“ со цел да ја големи свеста за оваа состојба, да ја зголеми едукацијата и истражувањата поврзани со неа.

Кејла Ицинес Кејла Ицинес

Еве го нејзиниот пост:

Откако ја добив Арна, сфатив дека не сакам и други жени да бидат исплашени за ендометриозата на начинот на којшто бев јас кога бев млада.

Ако не сте запознаени со ендометриозата, тоа е многу честа болест присутна кај една од девет жени, при која ткива слични на обвивката на матката растат надвор од неа, на други делови од телото и предизвикуваат болка и/или неплодност.

Само сакам сите да ги потсетам дека интензивната болка за време на менструација НЕ Е нормална. Ве охрабрувам да разговарате со вашиот доктор ако имате некој од следниве симптоми:

  • Болка за време или околу менструацијата која ве спречува во секојдневните активности
  • Болка за време или околу овулацијата
  • Болка за време или по секс
  • Болка при празнење на цревата и уринирање
  • Болка во карличниот предел, половината или нозете
  • Проблеми да се задржи мокрачата или честа потреба за мокрење
  • Тешки или нередовни крварења
  • Истоштеност

Ако живеете со ендометриоза, сакам да знаете дека има многу жени низ светот кои можат да ве разберат и поддржат.

Оваа фотографија е од мојата лапароскопска операција кога мојата болка КОНЕЧНО беше сериозно сфатена и ми беше потврдена ендометриоза.

Кејла Ицинес

Кејла сподели дека страда од ендометриоза во март 2021 година, кога ја направи втората операција. Претходно, таа со години живеела со силни болки, но никој не ја сфаќал сериозно.

„Не знаев дали она што го чувствував за време на моите менструации секој месец беше абнормално. Ми требаа години во кои живеев со болка пред да одлучам дека не е во ред и дека ми треба операција и потврдување на дијагнозата“ – напиша таа.

Кејла ја доби дијагнозата на 21-годишна возраст.

„Едно од првите нешта кои ми ги кажа докторот за ендометриозата е дека можеби нема да можам да забременам и тоа ме преплаши. Навистина ми беше тешко да мислам дека нема да можам да основам семејство и поради тоа молчев долго време“ – објаснила Кејла.

Ицинес сега има две деца и отворено зборува за своите битки.

„Навистина посакувам да го споделев ова порано, бидејќи мислам дека можеби ќе им помогнев на некои луѓе. Посакувам да знаев на почетокот дека тоа ниво на болка не е нешто што треба да се прифати како нормално. На многу жени, додека растат, им е кажано дека таа болка за време на менструацијата е нормална и тоа е нешто со кое живееме“.

„Многу од нас живееме во болка без никакви одговори и поддршка“ – рече Ицинес.

Кејла Ицинес Кејла Ицинес Кејла Ицинес Кејла Ицинес Кејла Ицинес Кејла Ицинес

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.