Почетна » Новости » Животни стории » Се бореа со неплодност, беа измамени за посвојување, а сега се радуваат на првото бебенце

Се бореа со неплодност, беа измамени за посвојување, а сега се радуваат на првото бебенце

Бела Вимс и Далин Ламберт поминаа долг пат пред да се реализираат во улогата на родители.

Брачните партнери долги години се бореа со неплодност, беа измамени со лажно посвојување, а сега конечно успеаја да добијат бебенце.

Парот ја посвои ќеркичката Стори и отворено ја споделува својата приказна за да им даде надеж на сите брачни двојки кои се соочуваат со истите предизвици за добивање дете.

Бела Вимс и Далин Ламберт

Бела и Далин отсекогаш сакале деца и едвај чекале да основаат семејство. Тие стапија во брак во 2017 година и веднаш започнале да се обидуваат да зачнат. Но, реалноста била сурова и тие се соочиле со потешкотии при забременувањето.

По бројни испитувања, тие одлучиле да започнат ин витро постапка. По три неуспешни обиди за вештачко оплодување, Бела и Далин уште повеќе потонале во очај.

Бела Вимс и Далин Ламберт

За да излезе од тој мрачен период, парот заминал на патување низ светот, но продолжил со целата процедура за ин витро. За жал, сè било залудно.

Нивната желба да имаат деца сè повеќе се разгорувала, а надежта за зачнување полека се намалувала, па одлучиле да ги разгледаат опциите за посвојување.

„Ако се борите со неплодност, сакам да знаете дека не сте сами. Никогаш не мислев дека ќе стигнам тука, но на некој начин ме направи посилна. Знам дека поради неплодноста, ќе бидам уште поприсутна мајка и никогаш нема да ги земам здраво за готово моментите со моите деца. Ако сте сред третмани и се борите со неплодност, продолжете. Останете силни. Никој не разбира колку тешко е ментално и физички. Моето срце е со вас. Неплодноста е најтешкото нешто низ кое имам поминато, но вервувам дека тоа ме направи личноста којашто сум денес. Ние официјално сме сертифицирани за посвојување, па возбудена сум за следното поглавје“ – им порача Бела на своите Instagram следбеници.

Бела Вимс и Далин Ламберт

Бела и Далин биле пресреќни кога добиле повик со информација дека можат да посвојат близначки од девојка која е бремена и сака да ги даде бебенцата во добро семејство. Но, следувало уште едно разочарување за нив.

„Трудницата“ чии бебиња требало да ги посвојат по раѓањето била измамничка. Девојката воопшто не била бремена и истовремено лажела други парови дека ќе им ги даде близначињата на посвојување.

Таа постојано барала докази од Бела и Далин дека бебенцата ќе бидат сакани во нивниот дом. Ги натерала да ја опремат детската соба, да направат забава за откривање на полот, да земат часови за подготовка за родители... сето тоа глумејќи дека се грижи за животот на бебињата кои не ни биле во нејзината утроба.

Бела и Далин се познати јутјубери и нивни фанови им испратиле пораки со информации за оваа превара. Така, ја дознале комплетната вистина.

Бела Вимс и Далин Ламберт

Девојката продолжувала со своите лаги, но Бела и Далин откриле сè. Тие снимија видео во кое ја објаснуваат целата измама. Погледнете го:

Бела Вимс и Далин Ламберт

На нивна голема радост, по само неколку месеци од овој срцепарателен момент, конечно добиле убава вест.

Нивниот процес за посвојување на бебенце успешно се завршил и тие сега се радуваат на прекрасна ќеркичка.

Бела Вимс и Далин Ламберт Бела Вимс и Далин Ламберт Бела Вимс и Далин Ламберт Бела Вимс и Далин Ламберт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.