Почетна » Новости » Животни стории » Самохрана мајка го носи на грб нејзиниот хендикепиран син и заедно патуваат низ светот

Самохрана мајка го носи на грб нејзиниот хендикепиран син и заедно патуваат низ светот

Родителот би направил сè за своето дете, а тоа ни го покажува самохрана мајка од Австралија која го носи на грб својот хендикепиран и слеп син за да му го покаже светот преку нејзините очи.

Ники Антрам патува заедно со синот Џими на различни дестинации од светот. Онаму каде што не може да се употреби количка, таа го носи на својот грб.

Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам

Џими е роден со физички и ментален хендикеп, а ослепел на 2-месечна возраст. Ники имала само 17 години кога го родила Џими, но си ветила дека ќе му го овозможи најдобриот живот што може.

„Бидејќи бев толку млада мајка, немав можност да го имам безгрижниот живот на 17-годишна девојка. Имав одговорност“ – вели Ники.

„Вежбав како да го носам Џими на грбот и да влечам куфер низ аеродромот, додека да ни дадат количка со која ќе се качиме во авионот“ – објаснува мајката.

Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам

„Кога планирам големи патувања, секогаш внимавам да носам многу пелени, облека, па дури и перници и постелнина. Сè подготвувам однапред и го најавувам нашето пристигнување каде и да одиме, хотели, ресторани и компании, за да бидат информирани и да се осигурам дека е во ред што ќе престојуваме таму“ – вели Ники.

„Тој е мојата инспирација, секогаш е среќен, насмеан. Се прашувам себеси, како можам да бидам тажна, кога го гледам насмеан и покрај тоа што никогаш нема видено бои, облаци и виножито“ – вели Антрам.

Џими има јавано коњ, се има санкано на снег и има „пливано“ со делфини.

Ники цели да ги охрабри другите луѓе да се впуштаа во животни авантури, независно од околностите.

Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам Ники и Џими Антрам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11450 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.