Почетна » Новости » Животни стории » Последната желба: Син ја крева мајка си од количка за да танцуваат на неговата свадба во емотивно видео

Последната желба: Син ја крева мајка си од количка за да танцуваат на неговата свадба во емотивно видео

Посветен син ѝ ја исполни најголемата желба на мајка си додека таа се бореше со Амиотрофична латерална склероза (АЛС). Во емотивното видео, тој ја носи на подиумот и ја подига од количката за да танцуваат на неговата свадба.

Младоженецот и невестата, како и сите гости, не успеаја да ги задржат солзите.

Видео

На 57-годишната Тери Хајтауер ѝ била дијагностицирана АЛС, прогресивна неуродегенеративна болест предизвикана од дегенерација на моторните неврони, нервните клетки во централниот нервен систем кои го контролираат волното движење на мускулите. И покрај тоа што била во количка и нејзиното здравје многу се влошило, нејзиниот син Скутер не се откажал од идејата да ѝ ја исполни последната желба – да танцуваат на неговата свадба.

На прославата, која се одржа во октомври минатата година, Скутер со помош на татко си ја подигна Тери од количката за да танцуваат на песната „Mothers“.

Тери починала 10 дена по свадбата.

Тери и Скутер Тери и Скутер

Обидувајќи се да ја подигнат свеста за АЛС, блиските на Тери го замолиле студиото кое било ангажирано за снимање на венчавката да го објави видеото на Facebook. Снимката допре до милиони срца.

Тери и Скутер Тери и Скутер Тери и Скутер Тери и Скутер Тери и Скутер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11078 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.