Почетна » Новости » Животни стории » Пар кој осум години се бореше со неплодност доби четири бебенца во три месеци

Пар кој осум години се бореше со неплодност доби четири бебенца во три месеци

Тешката борба со неплодноста на пар од САД заврши со многу среќен крај. Брачните партнери, кои копнееја за зголемување на семејството, добија четири бебенца во само три месеци.

Семејство Волфи

Зак и Бритни Волфи осум години се обидуваа да зачнат бебенце, но сите нивни обиди биле залудни. Откако одлучиле да се обидат со посвојување, нивната приказна имала сосем неочекуван пресврт.

Додека се финализирала постапката за посвојување на едно девојче, Бритни успеала да забремени со помош на донација на ембриони од друг пар.

Така, само три месеци по посвојувањето на ќерката Чарли, Зак и Бритни добија уште три бебенца.

Семејство Волфи Семејство Волфи

„И двајцата отсекогаш сонувавме за големо семејство. Неплодноста нè натера да сфатиме дека не ни е важно КАКО ќе станеме родители – важно ни е самото родителство. Тоа нè насочи кон посвојување и многу бевме возбудени што го започнавме нашето патување“ – велат тие.

Семејство Волфи

Зак и Бритни стапија во брак во 2015 година и веднаш започнале да се обидуваат да добијат бебенце. Бидејќи долго време не успевале да добијат бебенце на природен начин, одлучиле да се обидат со ин витро постапка.

По втората IVF рунда, Бритни добила позитивен тест за бременост, но за жал, по кратко време го изгубила бебето. Разочарувањата се нижеле едно по едно, па парот одлучил да направи пауза.

Семејство Волфи

Нивните обиди за забременување продолжиле во 2020 година, но докторите не можеле да утврдат која е причината што ја предизвикува „необјаснивата неплодност“. Па така, посвојување на бебе и „посвојување“ на ембриони тогаш биле нивните најнадежни опции.

Донатори на ембриони се луѓе кои имаат неискористени, замрзнати ембриони останати од нивната IVF постапка.

Првиот трансфер на ембриони успешно довел до оплодување, но за жал Бритни повторно го изгуби бебенцето. Додека минувале низ втората постапка за трансфер на донирани ембриони, Бритни и Зак добиле повик за посвојување на бебенце.

Жената која сакала да го даде бебенцето на посвојување била во 20-тата недела од бременоста, а Зак и Бритни биле пресреќни што им се пружи таква можност за проширување на семејството.

Среќниот пар не ни сонувал дека им следува уште една преголема радосна вест. Втората постапка за оплодување со донираните ембриони била комплетно успешна и резултирала не со едно, туку со три бебенца во нејзината утроба.

Семејство Волфи

Зак верува дека претходно стресот и опседнатоста со забременување многу им влијаеле во обидите и дека посвојувањето на ќеркичката им помогнала во смирување на тие емоции.

„Кога минуваш низ ова, постојано си под стрес. И кога Чарли дојде кај нас, сметам дека не бевме под толкав стрес. Бременоста на Бритни помина добро бидејќи повеќе не се фокусиравме на негативното. Ја имавме Чарли. Бевме многу среќни и затоа бременоста помина добро“ – изјавил Зак.

Бритни се породи во 30-тата недела од бременоста. Бебенцата биле тешки по околу еден килограм и морале да поминат 50 дена на одделот за интензивна нега во болницата.

Сега, парот конечно ги одведе дома своите три мали чеда, кои ѝ се придружија на поголемата сестричка Чарли.

Семејство Волфи Семејство Волфи Семејство Волфи

„За сите оние кои размислуваат за посвојување, ве охрабруваме да го истражите тој пат со отворено срце и отворен ум. Некое дете таму копнее за љубов и стабилност што само семејството може да ги обезбеди“ – порачуваат среќните родители.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.