Почетна » Новости » Животни стории » Никогаш не е предоцна: Мајка на ДЕВЕТ деца заврши медицина и планира да стане неврохирург

Никогаш не е предоцна: Мајка на ДЕВЕТ деца заврши медицина и планира да стане неврохирург

Никогаш не е предоцна за да си ги остварите соништата.

Доказ за тоа е Сара Мерил, која се запиша на факултет четири години по раѓањето на деветтото дете, успеа да дипломира и сега цели да стане неврохирург.

Сара Мерил Сара Мерил

Патувањето на 41-годишната мајка започнало уште кога таа имала 17 години и се запишала на колеџот Дартмут. Тогаш го запознала својот сегашен сопруг Џејсон и се омажила. Нејзината најголема ќерка имала 5 месеци кога го завршила колеџот.

Сара Мерил Сара Мерил

Сара имала големи амбиции и сакала веднаш да се запише на медицински факултет, но нејзината ќерка била многу мала и таа одлучила да остане дома за да се грижи за неа. Набрзо, со својот сакан одлучиле да го прошират семејството.

„Немавме некоја намера да имаме големо семејство, но токму тоа го направивме. Добивме 4 ќерки и 5 сина, а сите девет деца ги добивме во 12 години“ – рекла Сара.

Сара Мерил Сара Мерил

„Имав 34 години и одлучив да се вратам. Започнав да посетувам курсеви и морав повторно да полагам приемен испит. Се сеќавам дека додека учев за него, моите најмали деца имаа 2 и 3 години. Моето 2-годишно дете се качуваше по мене како на планина додека се обидував да учам“ – објаснила таа.

Мерил била примена на приватниот факултет на Mayo Clinic и со целото семејство се преселиле во Аризона за таа да може да присуствува на предавањата. Нејзината мајка се преселила заедно со нив, а сопругот работел од дома за да се грижи за децата.

„Моите ќерки тинејџерки ќе ми речеа да имаме забава на пишување домашно. Ќе земевме грицки, а тие пишуваа домашна работа додека јас учев медицина“ – рекла Сара.

Сара Мерил Сара Мерил

Амбициозната жена вели дека чувствува дека со својот потег ги инспирира своите деца, а на сите мајки им порачува:

„Имајте високи цели за она што ви буди страст и за она што сакате да го правите. Ако ги знаете вашите приоритети, фокусирајте се на вашиот следен чекор и ќе стигнете онаму каде што сакате да одите“.

По дипломирањето, Мерил со семејството се пресели во Индијана и набрзо ќе започне со својата специјализација за да стане неврохирург. Тоа ќе трае седум години и Сара ќе треба да поминува повеќе време во болница, но таа вели дека нејзиното семејство е подготвено за предизвикот.

„Ќе биде тешко кога ќе треба да пропуштам некои важни настани, но мислам дека моето семејство ќе разбере. Отворени сме со децата за сè што вклучува ова патување“ – вели таа.

Сара Мерил Сара Мерил

Патем, Мерел научила важни лекции кои сака да ги пренесе, меѓу кои е и тоа дека луѓето не треба да бидат осудувани поради нивните избори.

„Се чувствувам неверојатно благословено што ги имам сите мои деца и што имам карира која ја сакам. Научив дека не треба да судиме што е правилно за другите. Најдобро е да ги поддржиме“ – вели Сара која честопати била осудувана што го натерала семејството да се жртвува за нејзината кариера и многумина коментирале зошто имала толку многу деца ако планирала да учи.

„Никој никогаш не рече дека јас бев неверојатна кога му дозволив на Џејсон да се запише на факултет за бизнис, но беа во шок и одушевување кога тој се согласи да се вратам на учењето“ – додава таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11211 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.