Почетна » Новости » Животни стории » „Нејзините болки се и мои“: Самохрана мајка на 5 деца од Гевгелија моли за помош на ќеркичката Луна

„Нејзините болки се и мои“: Самохрана мајка на 5 деца од Гевгелија моли за помош на ќеркичката Луна

Елена Поп-Костова повторно испрати апел за помош за нејзината ќеркичка Луна, која итно мора да се оперира во Турција.

14-годишното девојче страда од сколиоза во последен стадиум, а има и дијагноза „Спастична церебрална парализа - квадриплегија“.

Мајката на Луна, која е самохрана и има уште 4 други деца, објасни дека иако првата операција ѝ помогнала на Луна да седи, нејзината состојба продолжила да се влошува и сега е животозагрозувачка.

Луна

Драги роднини и пријатели.

Ситуацијата на мојата ќерка се влошува. Првата операција која беше направена на 16 октомври 2023 година, Dorsal Rhizotomy, помина тешко и со неколку кризи, но има големи резултати. Успеа да седи иако е премногу искривена. Операцијата за главниот проблем сколиоза, која беше закажана за 30 октомври со причина ја одложија бидејќи е премногу слаба. Вчера добив информација дека операцијата мора да се направи бидејќи состојбата е загрозувачка по живот, но за истата потребно е да се да се доплати уште 10.000 евра, бидејќи колку е потешка ситуацијата и степенот на искривување, операцијата повеќе чини.

Рокот за доплата ни е многу краток, најдоцна до 5 декември и за жал, ако не успеам да доплатам и да добијам термин, нема да можеме да ја оперираме бидејќи е во ризична возрасна група. Луничка веќе сè повеќе има болки, а нејзините болки се и мои. Јас како самохрана мајка на 5 деца, не сум моќна да ги доплатам овие средства и затоа ве молам ако може да донирате со едно јавување од 100 денари кои за мене и нејзе значат многу. Ќе ве замолам да го споделувате колку што можете во поголем број овој пост.

За да донирате за Луна, јавете се на еден од следниве броеви за донации:

Броеви за донации:

А1: 143 – 600

Телеком: 143 – 103

Или направете уплата на:

Денарската сметка:

270 700 080 222 150

Или на Девизната сметка:

IBAN: MK07270700080222344

SWIFT: EXPCMK22 HALK BANK

Сопственик: Луна Поп-Костова

Линк од апелот за помош на GoFundMe.

Луна Луна

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11478 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.