Почетна » Новости » Животни стории » Надежта последна умира: По долга битка со неплодноста, пар доби ПЕТ бебенца

Надежта последна умира: По долга битка со неплодноста, пар доби ПЕТ бебенца

Стефани и Греам Фрилс моментално се радуваат на најголемото богатство. Брачните партнери, кои долги години се бореа со неплодност, добија пет бебенца.

27-годишната мајка и 29-годишниот татко со искрени широки насмевки позираа со посакуваната петорка.

Семејството Фрилс Семејството Фрилс

Парот од Вашингтон посакувал да добие бебенце уште по свадбата во 2017 година, но за жал сите обиди биле неуспешни.

Стефани имала циста на хипофизата, која била отстранета со операција, но тие сè уште не можеле да зачнат. „Кога сонот ти е да станеш мајка, ти се крши срцето кога тоа не се случува“ – признала Стефани, која се соочила со големи хормонални проблеми.

По операцијата, тие успеале да стимулираат менструален циклус преку хормонска терапија, но нејзиното тело немало природна овулација по хируршкиот зафат.

По бројни докторски консултации и терапии, минатата година Стефани успеала да забремени со помош на интраутерина инсеминација.

Кога дознале дека очекуваат не едно, туку пет бебиња, биле пресреќни. „Тоа беше најлудиот момент во нашите животи. Бевме многу возбудени и уверени дека Бог ни веруваше нас подарувајќи ни ги овие прекрасни бебенца. Сепак, знаевме колку сериозен е ризикот да носиш петорка“ – рекле тие.

Семејството Фрилс Семејството Фрилс

Стефани имала тешка бременост и се породила во 27. гестациска недела.

Греам присуствувал на породувањето со царски рез, но имал момент на паника во породилната сала. „Бев преплашен за целата ситуација. Започнав да го губам слухот, буквално оглувев. Ја погледнав Стефани и ѝ реков некои нешта... а потоа ми стана жешко, ја погледвав медицинската сестра и ѝ реков ‘Паѓам’“ – изјавил таткото.

„Во тој момент мене не ми требаше маска за кислород, па му ја дадоа нему“ – рекла Стефани, објаснувајќи дека моментот бил многу смешен.

Семејството Фрилс

Возбудените родители бликале од радост кога ги запознале четирите ќеркички Аделин, Елиана, Линеа и Харпер, како и нивниот син Фишер. „Беше неверојатно. Имавме можност да ги видиме сите бебиња пред да ги одведат во одделот за неонатална интензивна нега“.

По 76 дена поминати во болница, бебенцата конечно си заминале дома со своите родители.

Семејството Фрилс Семејството Фрилс Семејството Фрилс Семејството Фрилс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11178 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.