Почетна » Новости » Животни стории » „Моето име е Лаура. Имам екстра хромозом и само сакам да бидам како моите врсници“

„Моето име е Лаура. Имам екстра хромозом и само сакам да бидам како моите врсници“

Денес се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

По тој повод, Лариса Порчиќ Филипај од Хрватска напиша колумна во која го раскажува животот на малата ќеркичка Лаура од нејзина перспектива.

Лариса постојано се залага за подигнување на свеста и прифаќање на лицата со попречености, содавајќи подобар свет за Лаура, која има екстра хромозом.

Драги мои, се викам Лаура. Добредојдовте во најважниот дел од мојот живот. Имам 7,5 години и освен што го имам тој мистериозен екстра хромозом, јас сум сосем „обично“ дете на претшколска возраст кое само сака да го живее животот како своите врсници.

Би сакала колку што можам пократко да ви ги пренесам моите подготовки за иднината која со стравопочит и нетрпеливо ја очекувам.

Во моето семејство дојдов неочекувано. Знаете, јас пристигнав како Киндер јајце. Сите знаеме дека е слатко и сите го сакаме и знаеме дека доаѓа со изненадување. Во мојот случај, изненадувањето во жолтата кутија беше дополнителен хромозом што ги преврти наопаку животите на членовите на моето семејство. Немојте да бидете тажни, мојот живот е многу убав и исполнет со љубов и прифаќање.

Ќе ви го раскажам моето досегашно искуство во градинка. Знаете, моите другарки од градинка во првите денови многу плашливо си играа со мене. Не ме разбираа, а јас од голема љубов сакав да делам бакнежи и прегратки. Тешко ми беше да искажам сè што сакав да споделам со нив, бидејќи знаете, тој екстра хромозом малку ми го попречува говорот, па развив доста добра невербална комуникација која понекогаш моите мали пријатели не ја разбираат добро, па морам да се снаоѓам со секакви гестови. Така, првите денови беа предизвик и за нив и за мене. Но, моите тетки ни покажаа дека можеме сите заедно да играме како една среќна заедница. Татковците и мајките на моите пријатели дома се обидуваа да им објаснат зошто понекогаш не разбирам што се бара од мене и зошто понекогаш реагирам поразлично. По сето тоа, мојата група стана моето засолниште, мојот втор дом каде што сум безбедна и прифатена онаква каква што сум.

Наскоро, ќе морам да го напуштам тој мој дом и да барам други пријатели во новиот дом наречен училиште. Во моментов сум многу уморна. Дали знаете зошто? Затоа што сум вредна како пчела. Секојдневно учам, вежбам и се трудам да го научам она што на сите вас ви е лесно. Учам за да можам да бидам дел од светот околу мене.

Знаете, светот околу мене не е многу безбедно место за девојче како мене. Овој свет бара многу од мене и навистина секој ден се трудам да ги достигнам моите врсници, а таму некои тетки и чичковци мислат дека нема да можам да бидам дел од одделението, дека нема да можам да учам како моите другарчиња, се плашат дека ќе им пречам.... Но, јас само сакам да бидам како и другите деца.

Сакам да пишувам, да читам, да цртам, да бројам, да пеам, да трчам, сакам да бидам прифатена за да ја покажам најдобрата верзија од себеси. Сакам секое утро да одам рака под рака со брат ми до училиште каде што мојата најдобра пријателка ќе ме дочека за да го сподели нејзиниот свет со мене, со својата пријателка во добро и во лошо, без оглед на моите различности.

Драги мои, не плашете се од мене. Не плашете се од децата како мене. Ние можеме многу да постигнеме со вашата љубов и прифаќање. Ние сме цвет во развој и ако нè полеете со вашата љубов, ќе прераснеме во прекрасни цвеќиња кои ќе го разубават светот на вашите деца. Ние сме тука за да го направиме овој свет подобро место. Затоа, прегрнете нè. Дозволете ни да ви покажеме што можеме. Впијте ја нашата невина и безусловна љубов.

Драги мајки и таковци, објаснете им на вашите деца дека ние само посакуваме да бидеме сакани и прифатени и објаснете им како да ни помогнат во тоа, бидејќи повеќекратно ќе им биде возвратено со љубов која нема да можат да ја најдат на друго место.

Моето име е Лаура. Имам 7,5 години и сè што сакам е да бидам прифатена и да го живеам животот со полни гради. Многу бакнежи и прегратки од мене и мојот вишок хромозом.

Извор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11575 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.