Почетна » Новости » Животни стории » Мајка одби да абортира бебенце без раце, малото девојче сега има 3 години и е преслатко

Мајка одби да абортира бебенце без раце, малото девојче сега има 3 години и е преслатко

Трудница не ги послуша советите на докторите кои ѝ велеле да ја абортира ќеркичката затоа што немала развиени горни екстремитети и во ниту еден момент не зажали за одлуката. Малата Ајви сега има 3 години и живее нормален живот.

Ајви Ајви Ајви

Ванеса Меклиод била во 19-тата недела од бременоста кога дознала дека нејзиното бебенце нема раце. Целиот свет ѝ се срушил, бидејќи никогаш претходно немала слушнато за такво нешто.

Бев уништена. Не знаев дали ова е нешто со коешто можам да се справам, не знаев дали сè ќе биде ОК. Тогаш мојот татко ми рече: „Таа ќе биде благослов за нашето семејство. Мислам дека нашето семејство има потреба од некој како неа. Ќе нè научи на многу нешта“.

Ајви

Следниот ден, со сопругот закажале нов преглед и консултации за понатамошните чекори кои требало да ги преземат. Но, наместо да добијат одговори на прашањата, добиле само совети за прекин на бременост.

Со целото мое срце посакувам прегледот да течеше поинаку. Некој да ни речеше дека сè ќе биде во ред, некој да ни речеше дека нашето девојче е прекрасно и совршено, дека ќе се смее и кикоти и дека ќе живее живот полн со многу љубов. Посакувам да го знаев она што сега го знам. Наместо тоа докторот ни предложи прекин на бременоста. Тоа никогаш не ми помина низ глава. Кога со сопругот рековме дека сакаме да ја задржиме, генетичарот рече: „Помислете на квалитетот на живот кој ќе го има. Таа нема да има раце“.

Ајви

И покрај сите препораки за абортус, Ванеса и нејзиниот сакан одлучиле дека нивната ќерка ќе дојде на овој свет и дека ќе биде сакана и среќна.

Во последните недели од бременоста мојата перспектива се промени. Нештата започнаа да имаат смисла. Чувствував дека ова е правилната одлука. Чувствував дека Универзумот ме избра мене, од милион мајки, да бидам мајка на Ајви. Дури и мислам дека таа самата ме одбра, дека ме виде и рече: ‘Да, неа ја сакам. Сакам таа да ми биде мајка’. Универзумот знаеше дека ќе ја сакам. Дека ќе се борам за неа, дека ќе ја застапувам и дека ќе бидам сè што ѝ треба од мајка ѝ.

Потоа сè се промени. Наместо да мислам дека јас ѝ требам на Ајви, започнав да мислам дека таа ми треба мене. Дека ме виде и рече: ‘Да, таа има потреба од мене. Има потреба да ѝ бидам ќерка’. Не ѝ требам јас на Ајви, таа ми треба мене за да ме направи комплетна, за да го комплетира моето семејство на начини на кои не можев да замислам. Таа е мелем за мојата душа, лек за моите стари рани. Ајви ќе ме научи нешта кои никогаш не мислев дека треба да ги знам или не сакав да ги знам.

Ајви се роди четири недели предвреме и покрај тоа што немала раце, била совршено здрава.

Го држам моето скапоцено девојченце во рацете и додека се сеќавам на моментот кога дознав за нејзините раце, ги погледнувам нејзините совршени рачиња и се насмевнувам. Ги обожавам. Ги обожавам нејзините раце и ја обожавам неа. Не би ја заменила за ниту едно друго бебе на светот. Таа е моја. Судбина беше да биде со мене, а јас со неа. Си одговараме совршено заедно.

Ајви Ајви

Откако дојде дома, Ајви одлично напредува. Посакувам да можев да ѝ испратам видеа на докторката која ми предложи да абортирам. Посакувам да можев да ѝ ја покажам прекрасната насмевка на Ајви. Посакувам докторката да може да ги слушне магичните звуци на нејзиното кикотење.

Ајви Ајви Ајви Ајви Ајви Ајви

Денес, таа е весело девојче со прекрасна насмевка и се обидува да прави сè сама и покрај нејзиниот хендикеп.

Смешно е тоа што децата со раце мене ми се чудни сега, бидејќи ова е нашето ново нормално. И тоа е тоа – „нормалното“ е релативно. Сите сме различни на многу различни начини и тоа е ОК. Се надевам дека ќе можам да ја научам ќерка ми на тоа. Некои луѓе имаат сини очи, некои зелени. Некои имаат руса коса, некои кафеава. Некои се родени со раце, некои без раце. Се надевам дека секогаш ќе можам да ѝ дадам до знаење дека нејзиниот живот има значење, дека има вредност и дека секогаш ќе биде исполнет со љубов, без разлика каков е нејзиниот изглед или способности.

Исто така сакам да ги нормализирам нејзините различности за светот да стане поинклузивно место. Сè што знам е дека на крајот од денот, оваа приказна не е за мене. За неа е. А таа е апсолутно, несомнено, неспорно совршена.

Ајви Ајви Ајви Ајви Ајви Ајви

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11912 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.