Почетна » Новости » Животни стории » „Мамичке, ти си херој, ќе се видиме повторно“: Емотивно писмо на ќерката на учителка убиена во масакрот во Тексас

„Мамичке, ти си херој, ќе се видиме повторно“: Емотивно писмо на ќерката на учителка убиена во масакрот во Тексас

Светот го потресе веста за масакрот во основното училиште „Роб“ во Тексас од страна на 18-годишник.

Најмалку 19 мали дечиња беа смртно застрелани, заедно со две учителки, кои скокнале за да ги заштитат од суровиот убиец. Ева Мирелес е една од учителките-хероини кои се обидоа да ги заштитат учениците, но ја платија највисоката цена.

Нејзината ќерка Адалин Руиз напиша емотивен статус за збогување кој го крши срцето.

Ева Мирелес

До мојата половина која ме прави целосна,

Мамо, немам зборови за да опишам како се чувствувам сега, како ќе се чувствувам утре и до крајот на мојот живот. Никогаш не ни помислував дека ќе сум во оваа ситуација и дека ќе пишувам ваков пост за тебе. Мамо, ти си херој. Продолжувам да си повторувам дека ова не е реално. Само сакам да ти го слушнам гласот. Сакам да слушнам како им зборуваш на кучињата со тој будалест глас кој го правеше толку гласен што нè будеше сите рано наутро. Сакам да ме будиш со „Станувај веќе“ затоа што не престанувам да го поместувам алармот.

Сакам да те гушнам уште еден последен пат и сакам да ги почувствувам клавусите на твоите раце, бидејќи ти не само што беше учителка во текот на денот, туку попладне стануваше и најупорна кросфитерка. Сакам да можеш да си заминеш од работа и да ми се јавуваш во 16:30 часот секој ден, бидејќи токму тоа е првото нешто што го правеше штом ќе завршеше.

Сакам да те видам како седиш на каучот за кој тврдеше дека е само твој за да седиш со кучињата. Сакам да ти испраќам TikTok видеа и да ги гледаме и повторуваме додека тато не се измори од нас. Сакам да те нервирам и да те будам од дремките за да го провериш моето пилешко месо дали е доволно зготвено. Сакам да пеам караоке со тебе и да те слушам како пееш најгласно што можеш: „Shine bright like diamond!“.

Сакам да се карам со тебе за најглупавите нешта, а потоа заедно да се смееме. Сакам сè да биде по старо. Сакам да ми се вратиш мамо. Ми недостигаш повеќе отколку што може да се опише со зборови. Моја убава мамо, ти благодарам за најзабавните спомени. Ти благодарам за најубавите времиња од мојот живот. Ти благодарам што ми беше најдобра пријателка. Ти благодарам што ми беше најдобрата мајка што некој може да ја посака.

Многумина те познаваат и среќна сум што луѓето го знаат твоето име и тоа твое прекрасно лице за да знаат како изгледа еден херој. Не знам како ќе го живеам овој живот без тебе, но ќе се грижам за тато. Ќе се грижам за нашите кучиња и засекогаш ќе го споменувам твоето име за да бидеш запаметена. Ева Мирелес, учителка во 4-то одделение во Основното училиште „Роб“, која несебично скокна пред нејзините ученици за да им ги спаси животите.

Моето срце засекогаш ќе биде скршено. Мојата најдобра пријателка ми беше одземена. Ти благодарам што ме сакаше на најдобрите начини и што ме израсна во толку силна личност. Сите кои те познаваат, знаат колку беше дружељубива и забавна и засекогаш ќе ми недостига твојата насмевка. Сакам да ти се заблагодарам мамо што беше толкава инспирација за мене. Засекогаш ќе се гордеам што сум твоја ќерка. Моја слатка мамичке, ќе се видиме повторно.

Во коментарите, илјадници интернет корисници ѝ изразија сочувство на Адалин, нарекувајќи ја нејзината мајка ХЕРОЈ.

Ева Мирелес Ева Мирелес

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.