Почетна » Новости » Животни стории » Мали хероини: Три предвреме родени бебенца си заминаа од ГАК во Скопје во добра здравствена состојба

Мали хероини: Три предвреме родени бебенца си заминаа од ГАК во Скопје во добра здравствена состојба

Од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се раширија прекрасни вести. Три предвреме родени бебенца се изборија за живот и сега во добра здравствена состојба.

Малата Севда се родила во 25-тата гестациска недела и тежела само 750 грама. По 96 дена поминати на интензивна нега, таа си отиде дома со тежина од 1.810 грама.

Бебенцето Мира родено со тежина од 1.330 грама во 29-тата недела од бременоста, сега достигна 1.870 грама. Додека пак, Алиња тежеше само 1.110 грама кога се роди, а сега ужива во прегратките на мајка си и татко си со тежина од 1.900 грама.

Бебиња Бебиња

СЕВДА СЕ РОДИ СО 750 ГРАМА, АЛИЊА СО 1100, А МИРА С0 1330 ГРАМА, ТРИТЕ ЗАМИНАА ДОМА КАКО ЗДРАВИ БЕБИЊА

Деновиве уште три наши мали, предвремено родени бебиња, но големи борци си заминаа од одделението за интензивна нега и терапија.

Мира Мустафа е родена во 29 гестациска недела со тежина од 1330 грама, дома во прегратките на мама и на тато ја испративме по 43 дена со тежина од 1870 грама.

Алиња Алили, родена во 27 гестациска недела со тежина од само 1100 грама, замина од ОИНТ по 53 дена со тежина од 1900 грама.

Најдолго нè дружеше нашата Севда Мустафовска која е родена во 25-та гестациска недела со тежина од само 750 грама, се бореше заедно со тимот медицински сестри, акушерки и лекари цели 96 дена и достигна 1810 грама за да може да замине како здраво бебе кај своето семејство.

Клиниката за гинекологија и акушерство и тимот од интензивна нега и терапија им благодари на овие храбри бебиња затоа што секојдневно ни покажуваа колку е вреден животот и ни даваат сила да го издржиме секој нов ден.

Ви посакуваме среќно и спокојно детство, многу успеси, а на вашите семејства насмевката никогаш да не им се симне од лицата.

Бебиња Бебиња Бебиња

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11405 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.