Почетна » Новости » Животни стории » Мал борец: Бебенце родено со тежина од 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК во Скопје

Мал борец: Бебенце родено со тежина од 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК во Скопје

Позитивните вести за мали херои секогаш ни вдахнуваат надеж.

Мало бебенце, родено со тежина од само 940 грама се избори за својот живот и сега во добра здравствена состојба си замина дома со родителите.

Веста за малиот Едон ја споделија од Клиниката за Гинекологија и Акушерство во Скопје, каде новороденчето престојуваше 77 дена по своето раѓање.

Едон

„Уште една убава приказна за мал и вистински борец доаѓа од Клиниката за гинекологија и акушерство.“

„По 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции.“

„Роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испративме со телесна тежина од 2110 грама.“

„На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа.На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон“ – пишува на фотографиите.

Едон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.