Почетна » Новости » Животни стории » Маж ја изгуби саканата поради рак на дојка месеци по свадбата, но продолжува да ѝ ги исполнува желбите

Маж ја изгуби саканата поради рак на дојка месеци по свадбата, но продолжува да ѝ ги исполнува желбите

Маж продолжува да ѝ ги исполнува желбите на покојната сопруга и да го одржува жив споменот за неа една година по нејзината смрт.

Мајкл Бенк ја изгубил саканата Лорин неколку месеци по нивната свадба како последица на рак на дојка. Бидејќи октомври е месец за подигнување на свеста за овој тип на рак, тој сподели свадбени фотографии и ја раскажа нивната љубовна приказна, потсетувајќи ги сите колку моќна сила е љубовта и колку таа нè менува како личности.

Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл

Лорин и Мајкл се запознале преку сајт за онлајн состанување додека таа се борела со рак на дојка. Тој бил одушевен од нејзината смелост да си стави профилна фотографија на која е со ќелава глава. Неколку недели откако започнале да се состануваат, Лорин си направила двојна мастектомија и поминала низ третмани со радијација кои траеле 6 недели, но дале одлични резултати и таа го победила ракот.

Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл

Откако ја примила среќната вест, борбената девојка се посветила на своето образование, но бидејќи сè уште се плашела дека ракот ќе се врати, ги ставила патувањата и авантурите како нејзин највисок приоритет.

Во следните неколку години имавме безброј авантури, од турнеја низ земја на виното, до летање со балон, летање со падобран, крстарења... Знаев дека сакам Лорин да ми биде жена, но не знаев како да ѝ предложам брак... Го направив тоа за време на патување до Нијагарините Водопади. Шетавме пред водопадите, каде клекнав на едно колено и ја запросив Лорин. Таа пискаше од задоволство. Мислам дека не можеше да изговори ништо разбирливо цели 10 минути – напиша Мајкл.

Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл

Лорин започнала да се жали на силни болки во грбот неколку месеци по враќањето од Канада, но си мислеле дека тоа е само последица од лекувањето. Тестирањата покажале дека ракот метастазирал во нејзините коски, белите дробови и црниот дроб.

Се чувствував бескорисно кога го слушнав ова, бидејќи сум навикнат да имам контрола врз ситуацијата. Но, бев 100% одлучен да бидам покрај неа додека таа ја започнуваше втората рунда против оваа кобна болест. Сакав да бидам покрај неа и да ѝ помагам на секаков начин.

Лорин ги изгуби и двајцата родители поради рак во IV стадиум, па совршено знаеше што значи ова. Ме погледна со солзи во очите и ме праша: ‘Дали сè уште сакаш да стапиме во брак?’ Не ме прашуваше за ова мислејќи дека ќе се премислам, туку сакаше да ме заштити од екстремните трошоци од лекувањето.

Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл

Мајкл само потврдил дека сака се ожени со неа и двајцата решиле свадбата да биде на третата годишнина од нивната врска. Иако докторите ги советувале да побрзаат, плашејќи се од најлошото, парот бил категоричен дека сака да стапи во брак на тој датум.

Заљубените партнери продолжиле да патуваат и да создаваат колку што е можно повеќе заеднички спомени, а неколку недели пред свадбата, Лорин била примена на експериментално лекување. Иако останала без коса, лекувањето дало одлични резултати.

Таа изгледаше апсолутно неверојатно додека чекореше кон олтарот. Не можев да го тргнам погледот од неа во текот на целата церемонија. Постојано се гледавме еден со друг, се смеевме и кикотевме, уживајќи целосно во моментот. Се чувствував како најсреќната личност на светот. Танцувавме цела ноќ и уживавме во магичната свадба. Немаше суво око во собата за време на нашиот прв танц како маж и жена. Танцувавме на ‘Perfect’ од Ед Ширан, песна која совршено го опишуваше тој ден.

Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл Лорин и Мајкл

За жал, по свадбата тие откриле дека ракот се проширил во слезината, што значело дека е крај на експерименталното лекување, бидејќи тоа не функционирало. Непосредно пред нејзиниот 30. роденден, тие се откажале од третманите и одлучиле да уживаат во краткото време кое им преостанувало. Таа починала во неговата прегратка неколку месеци по свадбата.

Лорин и Мајкл

Кога ќе се вратам назад, посакувам да можев да ѝ кажам уште многу нешта, но ми недостигаа зборови. Само ѝ ја држев раката и ѝ се заблагодарував за изминатите години, што ме направи подобра личност, што ме научи да сакам. Немам претстава колку слушна од она што ѝ го кажував, но само зборував додека не дојде сестрата да го провери пулсот и да ми каже дека таа го напушти овој свет.

Немам претстава како постојано се смееше секој ден и покрај постојаната болка, медицинските процедури и лошите вести. Таа беше првата личност во мојот живот за која се грижев повеќе одошто за себе и за која бев подготвен да направам сè. Се разбира дека имавме и лоши моменти како и сите парови, но секогаш бевме фокусирани да си ги подобруваме животите еден со друг. Имам огромна празнина во моето срце, која се плашам дека никогаш нема да се пополни. Но, имам многу неверојатни спомени од нашето време заедно“.

Додека го пишувам ова, продолжувам да одам на многу од патувањата кои заедно ги планиравме и продолжувам да ѝ исполнувам многу од нејзините желби. Цела година патувам низ светот и помагам во организациите кои ни помагаа нам и продолжувам да го одржувам нејзиниот блог.

Додека повторно да се сретнеме, љубов моја.

Лорин и Мајкл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.