Почетна » Новости » Животни стории » Инспиративната сторија за „најгрдата жена на светот“

Инспиративната сторија за „најгрдата жена на светот“

Лизи Веласкез е инспирација за многумина. 27-годишната девојка, која била малтретирана поради својот изглед и нарекувана „најгрдата жена на светот“, успеала да премине преку лошите случувања во нејзиниот живот и да стане мотивациски говорник. Таа сними документарец во кој е раскажан нејзиниот преод од тажна девојка со скршено срце, во силна жена решена да се бори против негативноста со позитивност.

Лизи Веласкез Лизи Веласкез Лизи Веласкез Лизи Веласкез

Лизи страда од редок синдром поради кој не може да ја зголеми својата тежина и поради кој изгледа постаро од своите врсници. Како дете, на училиште таа постојано била мета на погледи, озборувања и посочувања со прст, но благодарение на родителите, таа секогаш наоѓала начини за да се справи со тоа.

Еден ден, додека барала песна на YouTube, Веласкез наишла на видео со наслов „Најгрдата жена на светот“ и одлучила да го прегледа. Видеото било за неа и имало повеќе од 4 милиони прегледувања и стотици ужасни коментари како: „Убијте ја со оган“, „Само стави си пиштол на глава и застрелај се“, „Зошто си уште жива?“, „Зошто нејзините родители ја задржале?, „Направи ни услуга на сите и убиј се“...

„Не знам ни зошто кликнав на него, но кликнав и срцето ми падна во стомакот кога го видов моето лице. Тогаш погледнав во насловот, па во бројот на прегледувања, па во коментарите. Не плачев додека ги читав, не плачев додека го читав насловот, плачев кога погледнав надесно. Мајка ми го виде и тогаш изгубив контрола...“ – вели Лизи во документарецот.

„Ги прочитав сите коментари. Ме нарекуваа чудовиште, прашуваа зошто моите родители не ме абортирале... Не разговарав со никој за тоа и неколку вечери по ред заспивав со плачење. Бев шокирана од она што се случи“ – додава таа.

Лизи била скршена од болка, но татко ѝ веднаш ѝ рекол дека мора да му прости на лицето кое го објавило видеото. „Како би можела да му простам? Како би можела да им простам на луѓето кои ми велеа да се самоубијам? Не гледав причина за да го направам тоа“ – вели малтретираната девојка.

Неколку години по пронаоѓањето на ужасното видео, Лизи одлучила да возврати на негативноста на поинаков начин. Таа создала свој YouTube канал со цел да го направи интернетот посреќно и попозитивно место, а кратко време потоа започнала да држи мотивациски говори преку кои инспирира илјадници лица.

Лизи Веласкез Лизи Веласкез Лизи Веласкез

Еден од нејзините говори, пред три години стана хит на интернет и одушеви милиони лица.

Лизи Веласкез

„Не можам да гледам од едното око, но можам да гледам од другото. Можеби се разболувам често, но имам навистина убава коса. Дали ќе им дозволам на лицата кои ме нарекуваа чудовиште да ме дефинираат како личност? Дали ќе им дозволам на луѓето кои велеа убијте ја со оган да ме дефинираат? Не. Ќе дозволам моите цели, мојот успех и моите постигнувања да ме дефинираат“ – рекла Веласкез.

„Ја користев нивната негативност за да го запалам мојот оган и да продолжам понатаму. Користете го тоа. Користете ја таа негативност која ја имате во животот за да станете подобри, затоа што ви гарантирам дека ќе победите“ – додала таа.

Лизи Веласкез Лизи Веласкез Лизи Веласкез

„Луѓето ме нарекуваат најгрдата жена на светот, но дали ќе им верувам? Не. Бидејќи јас верувам во моето патување и мојата цел. Јас имам луд сон да ги инспирирам луѓето... Ако можам да променам барем еден живот, тоа е она што ми важно. Можете сега да одлучите дека ќе бидете храбри, дека ќе ја пронајдете вашата цел и дека ќе успеете. Само тоа треба да си го кажете. Јас одлучив дека ќе го направам тоа и научив дека сум убава и паметна и дека можам да направам сè што ќе си зацртам, бидејќи јас прва поверував во тоа. Вие имате најголемо влијание врз вашиот живот. Никој друг“ – вели Лизи во видеото.

Лизи Веласкез

Советот кој Веласкез им го дава на лицата кои минуваат низ она што таа веќе го минала е: „Мислам дека мојот најголем совет е дека не сте сами во она низ што поминувате. Има светлина на другата страна од малтретирањето и ако јас можев да ја пронајдам... се надевам дека и вие можете да ја пронајдете“.

Документарецот за Лизи, „Brave Heart: The Lizzie Velasquez Story“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11165 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.