Почетна » Новости » Животни стории » „Имам втора шанса“: Ќерката на „ловецот на крокодили“ една деценија страдала од болки поради ендометриоза

„Имам втора шанса“: Ќерката на „ловецот на крокодили“ една деценија страдала од болки поради ендометриоза

Бинди Ирвин помина многу тежок период од една деценија пред да добие дијагноза ендометриоза.

25-годишната ќерка на „ловецот на крокодили“, Стив Ирвин, откри дека со години страдала од неподносливи болки и дека никој не ѝ верувал што се случува во нејзиното тело. Таа поминала низ многу тестирања, но никој не можел да ја открие причината за нејзиното страдање.

Бинди Ирвин

„Бев тестирана за сè. За секоја тропска болест, Лајмска болест, рак... Ги направив сите тестови на крвта и сите можни снимања.“

„Тешко е бидејќи се чувствуваш како да си во безизлезна ситуација. Не знаеш што ти е, а кога луѓето ќе ти речат дека ‘сè ти е во главата’ или ‘дека се хормоните’ или ‘само напиј се чаша чај и легни’, се чувствуваш очајно осамено зашто немаш одговори“ – рече таа.

Бинди направила лапароскопија по препорака на пријателка која ја поминала истата голгота како неа. Дури по операцијата докторите ѝ ги дале потребните одговори.

„Бев многу исплашена дека нема да откријат ништо. По години поминати на доктор и меѓу луѓе кои ти кажуваат дека ништо не ти е, навистина започнуваш да веруваш во тоа. Функционираш во чуден простор на сомневање во себе, страв и несигурност. Тоа е тешко за надминување.“

„Кога ќе се навратам наназад, отсекогаш било ендометриоза. Моите симптоми совршено се поклопуваат. Посакувам да можев да ја направам оваа операција пред години. Мојата болка беше потценувана и сè беше потценето. Но, верувам дека сè се случува со причина и дека направив операција во вистинското време“ – објаснила Бинди.

Бинди Ирвин Бинди Ирвин

Таа вели дека е среќна што конечно ѝ е поставена соодветна дијагноза за да може соодветно да ја третира нејзината состојба.

„Не дека е некакво откритие, но секоја недела можам да правам повеќе и повеќе нешта. Сега се будам наутро и не морам да пијам апчиња за гадење или да ставам топли облоги. Тоа што можам да пешачам со ќерка ми без да чувствувам како да мора да повратам во грмушките е лудо за мене.“

„Чувствувам како да имам втора шанса во животот. Се чувствувам како нова личност“ – рекла таа.

Бинди Ирвин Бинди Ирвин

Бинди откри дека има ендометриоза во август минатата година и сега посветено ја подигнува свеста за ова заболување. Таа ги советува сите жени кои имаат болки да побараат помош, бидејќи го заслужуваат тоа.

Ендометриоза е состојба при која мали делови од ендометриумот (слузницата на матката) ја напуштаат шуплината на матката (cavum uteri) и се прикачуваат на други органи, најчесто во пределот на карлицата. Симптомите најчесто се болни менструации, изнемоштеност и замор, чувствителни црева и подуеност особено за време на менструација и абнормално крварење.

Ендометриоза – причина за неплодност кај жените

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.