Почетна » Новости » Животни стории » Жена стана дел од тимот на пожарникарите кои ја спасија кога се обидела да се самоубие

Жена стана дел од тимот на пожарникарите кои ја спасија кога се обидела да се самоубие

Спасувањето на Тенли Гилет довело до комплетна трансформација на нејзиниот живот.

Седум и пол години по последниот обид за самоубиство, таа ги надмина сите проблеми со менталното здравје и стана дел од истиот тим на пожарникарите кои ја спасија.

 Тенли Гилет

Имено, 30-годишната жена долго време се чувствувала како да не припаѓа никаде, дека не може да се вклопи во општеството. „Се борев со помислата каде припаѓам, каде треба да се вклопам и тоа беше нешто со коешто се борев целиот мој живот“ – изјавила таа.

По средба во фитнес сала, во која ѝ било посочено дека не е добредојдена таму, Тенли решила да посегне по сопствениот живот.

Таа скокнала од карпа во река, која за среќа не била надојдена. „Имав среќа што не удрив во камен. Немаше многу вода и не знам колку време ми требаше, но излегов од водата“ – објаснила Тенли. Пожарникарите пристигнале на местото, но не можеле да ја извлечат со помош на скала, па морале да употребат чамци за да стигнат до местото кадешто се наоѓала.

 Тенли Гилет

„Никогаш не мислев дека ќе бидам тука. Пред околу 7 и пол години го направив за среќа последниот обид за самоубиство. Бев на многу лошо место долго време кога решив да скокнам од една карпа. Не знам како, но при скокот не удрив во ниту еден камен. Па тоа беше почетокот на моето ментално опоравување.“

„Сакам да станам добар пример и да инспирирам други да продолжат без разлика на каков пат се наоѓаат. Навистина да работат напорно и да не бидат жртви на сопствениот ум“ – изјавила Тенли.

„Станува збор за цел круг. Тоа што го направија тие, ми овозможи мене да бидам тука и да служам со нив, за нив и за градот“ – дополнила таа.

Шефот на пожарникарскиот тим изјавил дека Тенли е вистинска инспирација. „Многу сум горд на Тенли. Работеше многу напорно за да стигне тука. Таа е вистинска инспирација“ – рекол тој.

 Тенли Гилет

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11400 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.