Почетна » Новости » Животни стории » Емотивно: Мајка болна од леукемија си го прегрнува синчето додека е на лекување со хемотерапија

Емотивно: Мајка болна од леукемија си го прегрнува синчето додека е на лекување со хемотерапија

Фабијана Жустус ја води најтешката битка во својот живот, а сила за да ги издржи сите здравствени предизвици добива од своите дечиња.

37-годишната мајка од Бразил, која боледува од леукемија, конечно се обедини со малото синче, а моментот беше овековечен со видео. На емотивната снимка, таа се радува и го прегрнува 6-месечниот Луиџи.

Фабијана

За време на престојот во болница поради хемотерапиите, таа доби посета од трите деца. Фабиена се фотографираше со нив, бидејќи токму на тој ден беше 5-тиот роденден на ќерките Чиара и Сиена.

„Вчера, пред да дојдат девојките, поминав малку време насамо со Луиџи. Чувствувам како тој да знае што точно ми треба. Беше залепен за мене. Токму тоа ми требаше за да ми даде енергија да останам фокусирана на лекувањето. Моите деца ми ја даваат целата сила што ми треба. Колку прекрасен ден беше вчера. Колку емоции!“ – напиша Фабиана во описот на видеото.

Фабијана Фабијана Фабијана Фабијана Фабијана Фабијана

Фабијана е многу популарна на социјалните мрежи. Таа е ќерка на бизнисменот и водител Роберто Жустус, кој изјавил дека нејзиното лекување се одвива добро.

Страшната дијагноза, Фабијана ја доби минатиот месец, но се обидува да остане позитивна и ведра, верувајќи дека ќе успее да извојува победа над болеста.

Фабијана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11410 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.