Почетна » Новости » Животни стории » Емотивно видео ја следи битката за живот на бебенце родено предвреме со тежина од само 800 грама

Емотивно видео ја следи битката за живот на бебенце родено предвреме со тежина од само 800 грама

Минијатурен борец ја извојува најтешката битка. Бебенце родено со тежина од само 800 грама се избори за живот и денес е 17-месечно момче кое нормално се развива.

Видео

Поради компликации во бременоста, Мили Мирфин се породила во 25-тата недела од бременоста. Малото момче, кое го добило името Џенсен, преживеало крварење во мозокот и имало срцеви проблеми, па прогнозите на докторите биле многу лоши. На родителите им било кажано дека се мали шансите да преживее нивното новороденче.

Џенсен

„Не мислевме дека Џенсен ќе преживее, но секогаш имаш надеж. Беше навистина многу мал, можев да го држам на едната дланка. Сметавме дека ќе има слабост на десната страна и ја влечеше десната нога зад себе, но го надмина тоа. Ни велеа дека поради крварењето во мозокот нема да има добри моторни вештини. Не знам што се случи, но тој е целосно нормален. Во изминатиов месец тој започна да оди и да зборува, неверојатно е и ние сме пресреќни од напредокот“ - изјавила мајката.

Џенсен Џенсен

„Гледајќи го Џенсен, се чувствуваме многу горди за сè што има надминато - тој навистина е борец“ - додала таа и објаснила дека со видеото цели да им даде надеж на други родители кои се во слична ситуација.

Џенсен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.