Почетна » Новости » Животни стории » Ед Ширан откри дека неговата сопруга Шери имала тумор во втората бременост и дека бил во депресија

Ед Ширан откри дека неговата сопруга Шери имала тумор во втората бременост и дека бил во депресија

Ед Ширан и неговата сопруга Шери ретко објавуваат информации поврзани со нивниот приватен живот.

Но, сега 31-годишниот музичар имал потреба да се отвори за предизвиците со кои се соочил минатата година, поради кои страдал од депресија и анксиозност. Во Instagram објава тој го најави новиот албум создаден во тажен период од неговиот живот.

Ед сподели дека на почетокот од минатата година на неговата сакана ѝ бил пронајден тумор додека била бремена со нивното второ дете. Шери не можела да се лекува сè до породувањето.

Ед Ширан

Кратко време по дијагнозата на Шери, неговиот најдобар пријател Џамал почина од срцев удар како резултат на консумирање на кокаин и алкохол во февруари 2022 година.

Ед Ширан

Овие немили настани значително влијаеле на неговата музика и поконкретно на неговиот нов шести студиски албум „Subtract“, кој ќе излезе во мај. Поради тоа, тој чувствувал дека треба да ја отвори својата душа и да сподели со неговите фанови што се случувало во неговиот живот.

Една деценија работев на „Subtract“, обидувајќи се да го оформам совршениот акустичен албум, пишувајќи и снимајќи стотици песни со јасна визија за тоа како сметав дека треба да изгледа. Потоа, на почетокот на 2022 година, серија од настани ми го променија животот, моето ментално здравје и крајно, начинот на кој ја гледав музиката и уметноста.

Пишувањето песни ми е терапија. Ми помага да најдам смисла за моите чувства. Пишувам без да размислувам каква треба да биде мојата песна. За само една недела, ја заменив работата вредна една деценија со моите најтемни најдлабоки мисли.

Во период од еден месец, на мојата бремена жена ѝ кажаа дека има тумор, без можност за третман до породувањето. Мојот најдобар пријател, Џамал, кој ми беше како брат, почина ненадејно, а јас се најдов во судница за да го одбранам мојот интегритет и мојата кариера како текстописец. Се соочив со страв, депресија и анксиозност. Чувствував како да се давам, како главата да ми е под површината, гледав нагоре, но не можев да стигнам до воздух.

Како артист, не мислам дека можам да работам во свет кој не ме претставува точно каде што сум и како треба да се изразувам себеси во оваа точка од мојот живот. Овој албум е токму тоа. Тој е отворање на вратата кон мојата душа. За првпат во животот не се обидувам да создадам албум кој ќе им се допаѓа на луѓето, туку објавувам нешто што е искрено и вистинито за тоа каде сум во мојот живот како возрасна личност.

Ед Ширан Ед Ширан

Неодамна, Ед објави видео во кое рече дека поминал низ турбулентен период и дека поради тоа бил отсутен од социјалните мрежи.

Ширан во моментов е на светска турнеја и одржува концерти во Австралија и Нов Зеланд.

Тој сподели дека неговата втора ќерка, Јупитер, се роди во мај 2022 година. Ед и Шери се родители и на двегодишната Лира.

Ед Ширан Ед Ширан Ед Ширан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11472 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.