Почетна » Новости » Животни стории » Девојка која како дете имала две несреќи, ги изгубила двете нозе, раката и увото, денес го инспирира светот

Девојка која како дете имала две несреќи, ги изгубила двете нозе, раката и увото, денес го инспирира светот

Софи Делизио е среќна што е жива.

23-годишната девојка од Австралија, која двапати како дете избега од канџите на смртта, го живее секој ден како да ѝ е последен и е вистинска инспирација. Оваа година, ќе стапи во брак со својот партнер и е вистински авантурист кој патува низ светот.

Софи Делизио Софи Делизио Софи Делизио

Софи имала две сериозни сообраќајни несреќи во првите 5 години од својот живот. Во првата, ги изгуби двете нозе, едната рака и увото, а имаше изгореници од трет степен на 90% од телото. Втората несреќа ѝ предизвика доживотна повреда на мозокот. Родителите го нарекуваат нејзиното преживување „вистинско чудо“.

Софи Делизио Софи Делизио Софи Делизио

И покрај бројните здравствени предизвици со кои се соочува, Софи денес е поим за смелост, непокорност и издржливост.

Софи Делизио

За да ги сруши предрасудите поврзани со лицата со попреченост и да им даде надеж на оние кои се соочиле со слична ситуација како неа, Софи сними TikTok видео кое стана хит. Во него, таа накратко ја раскажа својата животна приказна.

Непосредно пред Божиќ во 2003, имав 2 и пол година и спиев во градинка. Маж возеше автомобил и имаше епилептичен напад. Возилото удри во тротоарот, летна преку соба полна со 18-месечни бебиња, но слета точно над мене и на уште некој друг. Автомобилот се запали и ние бевме заглавени под него.

Во моето над 6-месечно патување во болница, ги изгубив двете мои нозе под колената, мојата десна рака и десното уво. Имав изгореници од трет степен на 90% од моето тело.

Три години подоцна, на 5-годишна возраст ме туркаа во количка преку улица кога возач беше заслепен од сонцето и удри во мојата количка. Летнав 18 метри во воздухот и прво удрив со главата на асфалтот. Повредите ми беа предимно внатрешни, но имам доживотна повреда на мозокот и немам никакво чувство за мирис.

Оттогаш наваму имам поминато стотици операции. Сега имам 22 години, говорник сум и оваа година ќе правам свадба. Страстен патник сум и зависник од авантури. Сакам да ги искористам социјалните мрежи за да го предизвикам митот дека инвалидноста ти го дефинира животот. Сакам да покажам како јас го живеам животот во непристапен свет. Без разлика на сè, јас сум способна со или без нозе.

Работам на редуцирање на стереотипите поврзани со зборот „попреченост“. Мојата приказна е за секој кој поминува или познава некој кој поминува низ нешто слично.

@sophiedelezio This is my story! I'm excited to keep sharing glimpses of my life with you, and continue to challenge perceptions surrounding the word 'disability' #sophiedelezio #mystory #disability #completelylegless ♬ original sound - Sophie Delezio
Софи Делизио Софи Делизио Софи Делизио

На своите профили на социјалните мрежи, Софи постојано споделува фотографии и видеа од својот живот за да покаже дека ништо нема да ја спречи да го прави она што го сака.

„Мислам дека терминот храброст за мене не дојде од надминувањето на несреќите и преживувањето. Храброста за мене е да се победат внатрешните демони и да се продолжи да се напредува. И покрај сè“.

„Сум летала со параглајдер, одам во фитнес сала петпати неделно. Од мала сакав да пливам, јас бев водно бебе. Неколку години се натпреварував во пливање, а потоа започнав да се занимавам со веслање. Мајка ми и татко ми никогаш не дозволија ништо да ми застане на патот, не сакаа мојата попреченост да ме дефинира, да дефинира што можам, а што не можам да правам“.

„Без разлика низ што поминуваш, секогаш има нешто позитивно. Можеш да избереш да се фокусираш само на негативното и да се сожалуваш. Но, треба да ја гледаш убавината на светот дури и во едноставните нешта, како прошетката во паркот.“

„Тука сме едноставно да живееме, да создадеме колку што е можно повеќе среќа, радост, љубов и позитивност. Да направиме промени за следната генерација и генерацијата по неа, да го направиме светот подобро место“ – вели таа.

Софи Делизио Софи Делизио Софи Делизио Софи Делизио

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11403 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.