Почетна » Новости » Животни стории » Две години чекал во болница да му биде трансплантирано ново срце, сега е доктор во истата таа болница

Две години чекал во болница да му биде трансплантирано ново срце, сега е доктор во истата таа болница

Дали некогаш сте имале сон кој сте биле подготвени да го следите без разлика на сè?

Колби Салерно имал таков сон пред 10 години, додека лежел во болница и чекал да му биде трансплантирано ново срце за да може да живее. Болното момче имало само 24 години и посакувало да стане кардиолог.

Денес, неговата животна желба е реалност. 33-годишниот маж е доктор и во моментов е на специјализација по кардиологија.

Колби Салерно

Додека растел, Салерно бил многу физички активен. Но, на 12-годишна возраст, неговата енергија значително се намалила и тој се соочувал со проблеми со дишењето кога трчал подолго време.

Му била дијагностицирана хипертрофична кардиомиопатија. Состојбата му се влошила во раните 20-ти години од животот и тој бил принуден да лежи во болница и да чека ново срце. Шест месеци, Колби живеел во одделот за интензивна нега.

„Ми беше многу тешко, но тоа ми го спаси животот. Докторот ми рече дека мора да бидам во болница додека да добијам срце. Кога ќе поминеш толку многу месеци во болница, започнуваш да чувствуваш дека животот ти поминува додека другите луѓе прават работи“ – рекол тој.

Колби Салерно Колби Салерно Колби Салерно

Упорноста на Колби се исплатила во 2012 година, кога тој ја слушнал убавата вест дека ќе добие ново срце.

„Веројатно тоа беше еден од најубавите денови од мојот живот“ – рекол тој.

Во моментов, Колби е специјализант по кардиологија и се надева дека ќе може да им помогне на други лица кои ја имаат неговата дијагноза. Тој постојано ја споделува својата приказна за да ги инспирира луѓето да станат дарители на органи.

Колби Салерно Колби Салерно Колби Салерно

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11451 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.