Почетна » Новости » Животни стории » Да му помогнеме на Леонид откако Фондот му го одби барањето да се лекува во странство иако беше пренесен во Виена

Да му помогнеме на Леонид откако Фондот му го одби барањето да се лекува во странство иако беше пренесен во Виена

Да му ја вратиме надежта на Леонид Индов и обединети да му помогнеме да го продолжи неговото лекување во Австрија.

Момчето, кое е во критична состојба поради тешка несреќа, пред две недели беше транспортирано во Виена, каде на семејството му беше ветено дека ќе продолжи неговото лекување. Лео со хеликоптер беше одведен во австрискиот главен град, за сега, да биде соопштено дека Фондот го одби барањето за покривање на трошоците за неговото лекување таму.

Таткото на Леонид изјавил дека биле собрани донации од хумани граѓани за првите неколку месеци од лекувањето во Виена, но дека за месеците кои следуваат ќе им бидат потребни најмалку 140 илјади евра. За жал, семејството не е во можност да ја обезбеди таа сума.

Леонид

Броеви за донации:

А1: 143-500

Телеком: 143-118

Сметка за донација

210700000680591
НЛБ Банка

За донации од странство

BRANKO INDOV

IBAN: MK07210501567799991

SWIFT: TUTNMK22
NLB BANKA AD SKOPJE

Можете и да донирате средства на следниот линк: GOFUNDME

Леонид Леонид

Осумнаесет годишниот Леонид летово доживеа тешка несреќа што предизвика сериозна повреда на 'рбетниот мозок. Во октомври, со квадриплегија беше префрлен во Клиничката болница Жан Митрев каде ја доби најдобрата нега и по 4-месечниот третман, имаше подобрување на дел од функциите, како зборување и самостојно голтање, за кои не е веќе потребна помош од машини.

Младиот пациент со хеликоптер на МВР беше пренесен во Виена, затоа што стануваше збор за комплексна процедура бидејќи момчето моментално е на респиратор.

Леонид Леонид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11413 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.