Почетна » Новости » Животни стории » „Веднаш се вљубив“: Пожарникар посвои бебенце кое го пронајде во кутија за напуштени деца

„Веднаш се вљубив“: Пожарникар посвои бебенце кое го пронајде во кутија за напуштени деца

Пожарникар, кој 10 години чекал да стане татко, посвои бебенце кое го пронајде во кутија за напуштени бебиња.

Винсент од Флорида со неговата сопруга повеќе од една деценија се обидувале да добијат свое дете. За жал, безуспешно. Но, животот понекогаш ги носи најубавите изненадувања кога најмалку го очекуваме тоа.

Пожарникарот бил на работа кога се активирал алармот во кутијата поставена во противпожарната станица. Иако прво помислил дека станува збор за лажна тревога, сепак одлучил да провери за што станува збор. Тој се изненадил кога видел дека има напуштено бебенце завиткано во розово ќебенце. Ова било првпат некој да остави бебенце по поставувањето на безбедната кутија.

Зои Зои Зои

„Ја кренав во раце и ја држев. Се погледнавме во очи и тоа беше. Вљубен сум во неа од тој момент. Таа е подарок од Бог, нема друг начин како да се објасни ова“ – рекол тој.

Винсент прво самиот го прегледал бебенцето, а потоа ја известил итната помош, по што тоа било одведено во болница. Таму тој оставил белешка дека со сопругата имаат дозвола за посвојување и дека би сакале да го посвојат новороденчето. Прегледот покажал дека бебето било родено само 12 часа пред да биде напуштено.

Неколку месеци подоцна, бебенцето било одведено во топлиот дом на човекот кој го пронајде и го добило името Зои.

Зои Зои

Винсент ја споделил приказната на Зои со цел да допре до биолошката мајка за да ѝ каже дека ќерка ѝ е во сигурни раце.

„Не се работи за мене. Не се работи за мојата сопруга. Не се работи за нашето патување да имаме деца. Се работи за ова преубаво мало девојче што доби шанса за живот и што е посвоено. Таа е сакана и се надеваме дека нејзината биолошка мајка ќе го види тоа и ќе препознае дека постапи правилно. Не мора да се грижи повеќе. Нејзината ќерка е згрижена и е сакана повеќе отколку што може да се опише со зборови.“

„Благодарни сме што избра да ѝ даде живот на Зои и направи правилен избор што, поради некоја причина, ја стави во таа кутија и ни даде семејство“ – рекол новиот татко.

Зои Зои

Поминаа шест месеци откако Зои беше ставена во кутијата и таа сега е среќно бебенце.

„Дефинитивно се обидуваме да не земаме ниту еден момент здраво за готово, бидејќи чекавме и се молевме долго време ова да се случи. Уживаме во секоја секунда, уживаме да ги правиме сите нови нешта и да бидеме семејство“ – додал тој.

Зои Зои Зои

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11508 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.