Почетна » Новости » Животни стории » Брачен пар посвои 6 момчиња со попреченост од кои 5 имаат Даунов синдром

Брачен пар посвои 6 момчиња со попреченост од кои 5 имаат Даунов синдром

Шенон и Трој Пинкертон навистина имаат огромни срца. Брачниот пар, кој има четири биолошки деца, посвои шест момчиња со попреченост, бидејќи сметаше дека живеат во несоодветни услови.

„Системот за згрижување е скршен – особено за деца со посебни потреби. Ги сместуваат во секакви семејства, со луѓе кои не се квалификувани. Тоа е една од причините поради кои го правиме ова“ – велат родителите од САД.

Трој, Ентони, Девлин, Трејс, Џои и Џулијан имаат Даунов синдром, додека 22-годишниот Камерон е слеп, со џуџест раст и со заостанат развој.

Семејство

Шенон и Трој ги посвоиле децата во нивните тинејџерски години. Само Џои имал 10 години на денот на посвојувањето.

Мајката ги опишува синовите како тивки и добро воспитани.

„Се случува во рестораните луѓето да се поместуваат подалеку од нас, претпоставувајќи дека ќе бидеме гласни. Но, моите момци се добро воспитани. Неодамна, еден човек бараше маса подалеку од нас, но на крајот ни ја плати сметката и ни напиша порака за извинување“ – изјавила таа.

Семејство Семејство Семејство

Сите 10 деца им помагаат со домашните обврски и пазарувањето. Родителите велат дека момците со посебни потреби најчесто ги носат на места кои им се познати и во ресторани во кои работат познати луѓе.

Семејство

Шенон и Трој собираа парични средства за да им обезбедат инклузивен парк на синовите кадешто ќе можат да се забавуваат.

@pinkertonboysadventures Replying to @user6395596028481 ♬ original sound - Shannon Barrett Pinkerton

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.