Почетна » Новости » Животни стории » Боки му понуди помош на готвачот Антонио кој се бори со рак и за малку ќе останеше без дом

Боки му понуди помош на готвачот Антонио кој се бори со рак и за малку ќе останеше без дом

Антонио Јанковски, готвачот кој ги примамуваше љубителите на храна со своите кулинарски вештини во шоуто на Канал 5, ја сподели својата трогателна животна приказна.

Имено, Јанковски веќе шест години се бори со рак, а за малку ќе останеше и без својот дом.

Антонио

По разделбата со сопругата, Антонио забележал израсток на телото, а подоцна ја добил страшната дијагноза. РАК! „Кога ќе одиш да си ги земеш резултатите и ќе ти го отворат пликото не треба да ти кажат ништо, оти кога ќе му го видиш изразот на лицето на докторот, не мораш да читаш резултати“ – изјавил тој за Dosie.mk.

„Жалам што примав терапија. Кога никогаш во системот луѓето не ти го плаќаат и не ти го почитуваат трудот за кој работиш и сè останато. Сум бил пријавен на многу места, но не сме ги добиле платите. Отидов во трудова инспекција, и ете ги последиците. Ќе дојде некој онде на коше и ќе ти ги скрши забите оти си пријавил. Тоа ми се случи на сред улица на сред Козле. Поднесов и писмо до Министерството за труд и социјална политика, но на одговор не се надевам. Шест години да се лекувам. За било кој овде надвор што живее на бедниот стандард овде јас морам да работам три пати повеќе за да го имам тој беден стандард“ – додал Антонио во интервјуто.

Тешкиот живот го поттикна Антонио да им помага на оние кои немаат ништо. Тој постојано добива донации во вид на храна и облека, но им ги подарува на бездомниците. „Добивам храна, но таа не можам да ја јадам. Јас сум на цевка, не можам да џвакам, немам притисок во устата и забите. Но таа храна што ми ја носат ја делам со оние кои немаат“ – вели Антонио, кој приготвува храна за сиромашните и ги кани во својот дом на топол оброк.

Антонио

„Вратата е отворена за секого, има доволно храна и за денес, а останаа уште алишта и мали ситници кои може да ги земете. Ќе повторам, не треба пари од што ни јас немам свои, затоа и го правам ова, цели семејства се без скршен денар во џеб. Долги денови гладував, па она кое ми го подаривте со цело срце го подарувам на секој што му треба да се надмине тешкотијата и бар за момент да се стопли малку и добие домашна храна направена со љубов за секој гладен по улициве“ – пишува Антонио во еден пост на Facebook.

Антонио постојано напоменува дека не сака помош и донации, тој моли за позајмица која ќе ја врати кога ќе најде стабилна работа.

„Не сакам ни милост, ни жалење, најмалку сожалување, уште помалку нечии пари. Можам да прифатам работа, да одработам, да понудам некое искуство, но и покрај моите проблеми кои сакам да се само мои, ќе имате избор или да ви ги вратам или заедно да почнам нешто за сите вас и во сечија полза. Јас немам веќе ни важност, ни вредност, тие нешта ги загубив попатно да успеам да бидам самохран дечко од Скопје со можност доволна да живеам со сите вас... Сепак се изборив сам со себе и за себе, тоа ми е доволно и среќен сум“ – пишува тој.

„Немав скршен денар, ни сега немам ни за она што ми е потребно да си го сочувам здравјето, ама онаа храна која некој ми ја донира ја поделив секому дури и сè мое што имав.“

Антонио ќе продолжи да има кров над глава благодарение на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој е претседателот на Меѓународен сојуз – Скопје.

„Денеска нашата јавност беше потресена од потресната приказна на овој млад човек. Сакам да ја информирам јавноста дека случајот со Антонио ќе биде решен и тој нема да остане на улица. Антонио ќе биде целосно згрижен и ќе му се обезбедат сите потребни услови да го продолжи својот живот и да се избори во битката со болеста. Глава горе Антонио“ – напиша Бојан.

„Другари, случајот со познатиот готвач Антонио е комплетно решен! Тој ќе си остане во својот дом, ќе добие сигурно вработување и заедно ќе се бориме за подобрување на неговата здравствена состојба! Антонио е прекрасен, талентиран млад човек кој заслужува сè најдобро!“ – дополни Јовановски во нов пост.

Антонио се заблагодари за помошта со порака на Facebook.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.