Почетна » Новости » Животни стории » Бебенцето Тони родено тешко само 1.100 грама си замина дома во Кочани по 58 дена на ГАК

Бебенцето Тони родено тешко само 1.100 грама си замина дома во Кочани по 58 дена на ГАК

Бебенцето Тони се вброи меѓу најмалите борци во нашата земја.

Малото момче се роди тешко само 1.100 грама и мораше да помине 58 дена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, додека да му се стабилизира здравствената состојба.

Сега, тоа конечно е во прегратките на родителите и си замина во семејниот дом во Кочани.

Тони

„И нашиот Тони си замина дома во Кочани по 58 дена борба и предизвици на одделот за интензивна нега и терапија на ЈЗУ У ГАК – Скопје. Тони е роден предвремено, во 31-та гестациска недела со само 1.100 грама.“

„На голема радост на сите нас, педијатри и медицински сестри акушерки успешно се избори со сѐ она што ги носи предвременото раѓање и со 1.840 грама првпат влезе во својот дом.“

„Биди среќен наш мал борецу и имај детство исполнето со љубов и здравје. Уживај во прегратките на твоите родители додека растеш во среќно и здраво дете“ – стои во описот на фотографиите објавени од ГАК на Facebook.

Тони Тони

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.