Почетна » Новости » Животни стории » Апел за помош на 21-годишната Ива од Велес која две години се лекува како резултат на леукемија

Апел за помош на 21-годишната Ива од Велес која две години се лекува како резултат на леукемија

Ива Милошевска веќе две години се бори за своето здравје. 21-годишната девојка од Велес објави видеа во кои ја споделува својата битка со леукемијата и лекувањата во болница.

Таа ја раскажа својата приказна за да испрати апел до сите оние кои можат да ѝ помогнат со донирање на финансиски средства. Ива вели дека во овие тешки моменти се справува со помошта на нејзината мајка, која зема минимална плата.

Тие тешко успеваат да ги покријат сите трошоци за лекувањето, па ајде заедно да им помогнеме во овие лоши моменти.

Сметка за донации: 250500025238322

IBAN CODE: MK07250780007271386

Ива
@milosevska23 Smetka za sonacii: 250500025238322 IBAN CODE: MK07250780007271386 #foryoupage #fyp #foryou #fypシ ♬ original sound - Iva23
@milosevska23 Smetka za donacii: 250500025238322 IBAN CODE: MK07250780007271386 #foryoupage #fyp #foryou #fypシ ♬ Emotional

Веќе 2 години се лечам од леукемија, поточно акутна миелобластна леукемија. За рок од овие две години, поминав низ многу тешки и неубави моменти кои не би ги посакала на никого. Но, за овие две години, истовремено и научив што е тоа човек да биде позитивен, што е тоа човек да се бори за самиот себе, што е тоа човек да ја сака и почитува својата фамилија, што е тоа човек да живее вистински со љубов и да цени сè што има.

Ова видео го снимам со молба и апел за помош до оние кои би можеле да ми помогнат да се донираат парични средства со кои јас би можела да го продолжам своето лекување. Поточно, моето лекување, односно мојата болест леукемија како леукемија е излечена, но имам многу сериозни последици од неа кои траат многу подолго од тоа што траеше самата болест.

Како што гледате и моментално се наоѓам во болница. Во рок од овие изминати две години, можам слободно да кажам дека повеќе време престојувам во болница, отколку во својот сопствен дом. Јасно ни е на сите дека леукемијата не се лечи тукутака, дека не е минлива работа, посебно за човек чија трансплантација е од несроден донор, од човек кој не припаѓа и не е дел од моето семејство.

Сепак, причината поради која го снимам ова видео се парични средства. Колку и да не сакам да го направам ова, сум приморана, затоа што во оваа битка се бориме јас и мојата мајка сами, а мојата мајка заработува толку минимална и мизерна плата, што искрено за ова денешно време и скапи работи, реално не можеме да достигнеме сè. Исто како што не можеме да достигнеме да ги купуваме сите лекови и да го платиме секој пат, идење и одење Велес за Скопје и секое лежење овде и купување на храна. Би била многу благодарна доколку од срце ми помогнете. Господ е со сите.

Ива Ива Ива Ива Ива

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.