Почетна » Новости » Животни стории » 54-годишна жена го роди своето внуче за да ѝ подари дете на ќерката родена без матка

54-годишна жена го роди своето внуче за да ѝ подари дете на ќерката родена без матка

Приказната за Мери Арнолд и Меган Вајт ќе ви ја покаже големината на мајчинската љубов.

54-годишната Австралијка го износи и го роди своето внуче за да ѝ ја оствари најголемата желба на нејзината ќерка – да стане мајка.

Мери Арнолд и Меган Вајт

Имено, на 17-годишна возраст на Меган ѝ било соопштено дека има МРКХ синдром, односно дека е родена без матка и дека нема да може да носи бебе.

Но, желбата да стане мајка ѝ била преголема и на 28-годишна возраст, Меган и нејзиниот сопруг се обиделе да имаат дете со помош на сурогат-мајка. За жал, бебенцето починало во 21-вата недела од бременоста.

По тажната вест, нејзината мајка Мери одлучила да се обиде да ѝ подари детенце на ќерка си и успеала во тоа. На 13 јануари, со царски рез, таа роди здраво момче кое се вика Винстон.

Мери стана најстарата сурогат-мајка во Австралија.

„Тоа беше и е остварување на сон. Кога го здогледавме, тоа беше љубов на прв поглед. Тој ни ги исполни срцата на начин на кој не мислевме дека е возможен“ – рекла Меган.

Мери Арнолд и Меган Вајт

„Отсекогаш претпоставував дека ќе бидам премногу стара за да направам вакво нешто, но се покажа дека секогаш треба да поставуваш прашања. Беше специјално искуство за мене и пресреќна сум што можев да ѝ помогнам на ќерка ми“ – изјавила Мери.

Бидејќи веќе била во менопауза, на Мери ѝ биле препишани лекарства за да се подготви матката за бременост.

По три неуспешни, четвртиот трансфер на ембиони за среќа бил успешен.

„Се чувствувам одлично. Сега кога сè е завршено, ми олесна што сè мина добро и вчудовидена сум од ова мало човече кое го направив. Нашата прва прегратка беше специјална и никогаш нема да ја заборавам“ – рекла Мери.

Мери Арнолд и Меган Вајт Мери Арнолд и Меган Вајт

„Се надевам дека нашата приказна ќе инспирира и други да го започнат ова патување – дефинитивно би го направила повторно“ – додала таа.

Мери Арнолд и Меган Вајт Мери Арнолд и Меган Вајт Мери Арнолд и Меган Вајт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11184 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.