Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – септември, 2016

Месечен хороскоп – септември, 2016

Небесните тела се подготвени за позначајно раздвижување, кое за нас значи промени, изненадувања и многу адреналин. Очекувајте месец со многу датуми кои долго време ќе ги паметите.

Младата месечина на првиот ден од месецов доаѓа заедно со соларна еклипса, поттикнувајќи нè да си го поедноставиме животот.

Јупитер, планетата на среќата и богатството, ќе ни даде зелено светло повеќе да ризикуваме за повеќе да добиваме.

Полната месечина ќе настапи на 16 септември, кога ќе има и делумна лунарна еклипса. Под нејзино влијание, ќе дојде до израз нашата емпатија, како и желбата да им простуваме на оние кои нè повредиле.

Предупредување: До 22 септември Меркур ќе се движи ретроградно, создавајќи проблеми во комуникацијата. Можно е да дојде до одложување на патувања, губење на важни документи или неочекувани проблеми со технолошки уреди.

Откако Плутон ќе го прекине ретроградното движење во јарец, многу полесно ќе се движиме кон зацртаните цели. Амбициозниот Марс на крајот на месецот ќе нè увери во вистинитоста на изреката „барај и ќе добиеш“.

Најнаградени овој месец ќе бидат ДЕВИЦИТЕ, но и ВАГИТЕ ќе се почувствуваат како вистински среќници.

Датум Случување
1 септември☽ Настапува млада месечина во девица
9 септемвриЈупитер влегува во вага
16 септември☽ Настапува полна месечина во риби
22 септемвриМеркур преминува во директно движење во девица
22 септемвриСонцето влегува во вага
23 септемвриВенера влегува во шкорпија
26 септемвриПлутон преминува во директно движење во јарец
27 септемвриМарс влегува во јарец

Табела: најважните датуми за месец септември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.