Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ноември, 2016

Месечен хороскоп – ноември, 2016

Пред нас е интензивен месец, во кој трпеливоста и контролирањето на емоциите ќе бидат клучен фактор за зачувување на пријатна атмосфера.

Сонцето ќе патува низ темпераментната шкорпија, давајќи ни на сите огнен дух со кој магнетски ќе привлекуваме. Сепак, тој внатрешен оган може лесно да премине и во негативна насока, па мора да внимаваме како се изразуваме за време на жестоки дискусии.

На љубовен план, во првата половина од месецов ќе бидеме побезгрижни и посклони да ризикуваме, додека во втората половина на ноември ќе сакаме да играме на сигурно и романтичното танго да го играме само со стабилна личност.

Добра вест е што на 20 ноември Нептун ќе го прекине ретроградното движење. Доколку во изминатиов период чувствувавте дека не можете да се потпрете на сопствената интуиција, сега тоа ќе се промени. Слушајте го вашиот внатрешен глас и нема да зажалите.

Во последните десет дена од месецов, Сонцето ќе патува низ стрелец, враќајќи ни го оптимизмот и ведриот дух.

Најсреќни овој месец ќе бидат ШКОРПИИТЕ, а и СТРЕЛЦИТЕ ќе се радуваат на силната наклонетост на небесните тела кон нив.

Датум Случување
9 ноемвриМарс влегува во водолија
12 ноемвриВенера влегува во јарец
12 ноемвриМеркур влегува во стрелец
14 ноември☽ Настапува полна месечина во бик
20 ноемвриНептун преминува во директно движење во риби
21 ноемвриСонцето влегува во стрелец
29 ноември☽ Настапува млада месечина во стрелец

Табела: најважните датуми за месец ноември и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.