Ултра динамичното раздвижување на небесните тела во текот на март ќе ни подари многу возбудливи моменти и изненадувања.
Во март ќе имаме две полни месечини, како што тоа се случи и во јануари. Со оглед на тоа што полната месечина на 31 март е втора полна месечина во рамките на еден календарски месец, се нарекува и сина месечина.
РИБИТЕ ќе бидат најсреќни во текот на март, но и ОВНИТЕ ќе бидат опсипани со космичката прашина на среќата.
| Датум | Случување |
| 2 март | ☽ Настапува полна месечина во девица |
| 6 март | ☿ Меркур влегува во овен |
| 6 март | ♀ Венера влегува во овен |
| 9 март | ♃ Јупитер преминува во ретроградно движење во шкорпија |
| 17 март | ☽ Настапува млада месечина во риби |
| 17 март | ♂ Марс влегува во јарец |
| 20 март | ☉ Сонцето влегува во овен |
| 23 март | ☿ Меркур преминува во ретроградно движење во овен |
| 31 март | ♀ Венера влегува во бик |
| 31 март | ☽ Настапува полна месечина во вага |
Табела: најважните датуми за месец март и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:
