Август ќе ни донесе динамика и возбуда.
Нè очекуваат две еклипси. Имено, на 7 август ќе има делумно затемнување на месечината, а на 21 август ни претстои целосно затемнување на сонцето.
Две нови ретроградни движења ќе нè спојуваат со лица или ситуации од минатото. Уран на 3 август ќе започне да се движи ретроградно, зголемувајќи го ризикот од непредвидени трошоци и погрешни импулсивни реакции. Ретроградното движење на Меркур од 13 до 31 август ќе донесе проблеми со комуникацијата и технологијата. Се бара трпение и толерантност.
ЛАВОВИТЕ и ДЕВИЦИТЕ ќе бидат најдарежливо наградени од планетите.
| Датум | Случување |
| 3 август | ♅ Уран преминува во ретроградно движење во овен |
| 7 август | ☽ Настапува полна месечина во водолија (делумно затемнување на месечината) |
| 13 август | ☿ Меркур преминува во ретроградно движење во девица |
| 21 август | ☽ Настапува млада месечина во лав (целосно затемнување на сонцето) |
| 23 август | ☉ Сонцето влегува во девица |
| 25 август | ♄ Сатурн преминува во директно движење во стрелец |
| 26 август | ♀ Венера влегува во лав |
| 31 август | ☿ Меркур со ретроградно движење преминува во лав |
Табела: најважните датуми за месец август и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:
