Почетна » Забава » Видео » „Љубовта не брои хромозоми“: Мало момче му пее песна на братчето со Даунов синдром

„Љубовта не брои хромозоми“: Мало момче му пее песна на братчето со Даунов синдром

Неодоливо видео од две братчиња стана хит на социјалните мрежи и стопли многу срца.

Во него, малиот Рајс го држи в раце своето братче со Даунов синдром и слатко му ја пее песната „10.000 Hours“ од Dan+Shay, која тој сметал дека е песна за нив двајца.

Видеозаписот го сподели мајката на момчињата и напиша:

„Вака Рејс се поврзува со Трип. Му пее постојано. Се колне дека оваа песна е за него и за неговиот брат. Тој пее: ‘Ќе поминам 10.000 часа и уште 10.000 ако е тоа потребно за да го откријам тоа твое слатко срце. Можеби никогаш нема да стигнам дотаму, но ќе се обидам, без разлика дали тоа ќе бидат 10.000 часа или остатокот од мојот живот, јас ќе те сакам’. Љубовта не брои хромозоми, или како што вели Рајс: ‘Нели сме сите различни?’“ – напиша Никол, која е мајка на 5 деца.

„Трип не е ни свесен колку голема разлика веќе прави во светот“ – додала таа откако видеото стана вирален хит.

Трип Трип

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.