Почетна » Забава » Видео » Љубов на прв поглед: Детенце со Даунов синдром не сака да биде одвоено од новородената сестричка

Љубов на прв поглед: Детенце со Даунов синдром не сака да биде одвоено од новородената сестричка

Преслатко видео од братче и сестриче растопува срца на интернет. Во него, детенце со Даунов синдром ѝ се радува на сестричката и плаче кога мајка му сака да ја одведе подалеку од него.

Едногодишниот Брукс се заљубил во малата Колинс на прв поглед. Тој не сакал да се одвои од неа на големо изненадување на неговите родители кои мислеле дека тој ќе биде љубоморен.

„Не бевме сигурни како ќе реагира Брукс што има бебе во близина и дали ќе биде љубоморен што ќе мора да го дели вниманието. Но, беше многу слатко. Тој е заљубен во неа. Кога првпат ја запозна на болница, реагираше на истиот начин, па моравме да го снимиме. Тој е момче полно со љубов“ – рекла мајката на двете деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10612 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.