Почетна » Забава » Видео » „Чувството да даваш е прекрасно“: Божиќно видео за дете и кученце без една нога ќе ви го стопли срцето

„Чувството да даваш е прекрасно“: Божиќно видео за дете и кученце без една нога ќе ви го стопли срцето

Божиќно видео за детенце кое вдомува миленик без една нога ќе ви го згрее срцето.

Во празничната реклама на Petco е прикажано мало момче кое напорно работи за да собере пари за нов велосипед. Но, неговите родители му го подаруваат велосипедот за Божиќ.

Потоа, детенцето вдомува кученце без една нога и го жртвува својот нов велоспиед за да му помогне.

„Секој ден имаме шанса да направиме разлика во животот на милениците. Ова кратко празнично видео споделува како едно семејство се здружува за да го направи токму тоа. Откријте како мало детенце коe прво посакува црвен велосипед, го прави неочекуваното. Неговите мили постапки ни покажуваат дека не е секогаш најважно што добиваме, туку што можеме да подариме. Ова е едноставен потсетник дека чувството да даваш е прекрасно, особено кога со тоа правиш добро дело“ – пишуваат од продавницата за миленичиња.

Погледнете го видеото кое ќе ви го стопли срцето:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10259 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.